Наталија (36) од Русија вторпат ја посети Македонија: „Омилена земја ми е, преку песните на Тоше дознав за неа“

„Немам македонски корени (барем колку што знам), но со целото срце ја сакам Македонија. Делче од вашата земја секогаш е со мене, и во мојата плејлиста“, вели за CRNOBELO.com Русинката Наталија, која неодамна помина 3.500km за да дојде од Улјановск до Скопје.

natalija-36-od-rusija-vtorpat-ja-poseti-makedonija-omilena-zemja-mi-e-preku-pesnite-na-toshe-doznav-za-nea-01.jpg

Наталија Калјакина (36) живее во градот Улјановск, кој се наоѓа на околу 900km источно од Москва.

Taa e фотограф и сопственик на фотостудио (Фотостудио Терраса) во градот каде што живее.

Таа неодамна ја посети Македонија, вторпат во живото, и тоа за да дојде на концертот на Лозано, чии песни ги обожава.

Но, со доаѓањето во земјава, Наталија си исполни уште една голема желба - да го посети Крушево и гробот на Тоше, зашто токму преку неговата музика дознала за Македонија.

А во неколкуте недели што ги помина кај нас, таа ги посети и Охрид, Бигорскиот манастир, уживаше во убавините на Скопје и околината.

natalija-36-od-rusija-vtorpat-ja-poseti-makedonija-omilena-zemja-mi-e-preku-pesnite-na-toshe-doznav-za-nea-04.jpeg

За нејзиното патување и впечатоците од Македонија, Наталија раскажа во разговорот за CRNOBELO.com:

„За Македонија дознав благодарение на песните од Тоше Проески. Го следев неговото творештво и го читав секое негово интервју.

Во секое интервју тој зборуваше за својата љубов кон Македонија. Затоа многу ме заинтересира да ја посетам оваа земја.

Првпат бев во Македонија во 2012 година и оттогаш сонував повторно да се вратам, но околностите не ми дозволуваа.

natalija-36-od-rusija-vtorpat-ja-poseti-makedonija-omilena-zemja-mi-e-preku-pesnite-na-toshe-doznav-za-nea-23.jpg

Оваа година, конечно, успеав да го остварам мојот сон. И дури два!

Да се вратам во мојата омилена земја и да присуствувам на концерт на мојот омилен пејач, Влатко Лозаноски.

natalija-36-od-rusija-vtorpat-ja-poseti-makedonija-omilena-zemja-mi-e-preku-pesnite-na-toshe-doznav-za-nea-03.jpg

Патувањето во Македонија го планирав уште во август минатата година.

Купив авионски билети Казан - Белград за 8 март 2026 година. Во ноември 2025 година Лозано го најави својот концерт на 7 март во Скопје и јас, без двоумење, го променив мојот авионски билет за 6 март.

natalija-36-od-rusija-vtorpat-ja-poseti-makedonija-omilena-zemja-mi-e-preku-pesnite-na-toshe-doznav-za-nea-05.jpeg

Ми беа потребни 24 часа за да стигнам до Скопје од Русија.

Излегов од дома на 5 март во 18:00 часот и пристигнав во Скопје на 6 март во 15:00 часот (+3 часа според улјановско време).

Три часа траеше патувањето со автомобил од Улјановск до Казан, каде што се наоѓа меѓународниот аеродром.

natalija-36-od-rusija-vtorpat-ja-poseti-makedonija-omilena-zemja-mi-e-preku-pesnite-na-toshe-doznav-za-nea-22.jpg

Четири часа траеше летот Казан - Белград. Авионот слета во Белград на 6 март во 5:25 наутро, а во 7:05 веќе седев во автобус кој патува до Скопје.

Самото патување помина лесно и без никакви проблеми, освен недостатокот на сон.

natalija-36-od-rusija-vtorpat-ja-poseti-makedonija-omilena-zemja-mi-e-preku-pesnite-na-toshe-doznav-za-nea-20.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Маја Глигоровска во Сани Бич: „Лежалки се од 50 до 300€ за сет, на граница чекавме само ... „На одмор повеќе сакам да уживам во локалната храна, па често јадевме во рестора...
Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...

Најчитани неделава