Work&Travel искуство на две кумановки: „Работевме во Burger King, се дружевме со Германци и учевме јазик“

За време на студирањето секогаш треба да се искористат можностите што им се нудат на младите. Добропознатата Work&Travel програма и годинава покажа дека е вистински избор за студентите да излезат од својата комфор зона и да се спознаат со разноликостите на светот.

Iskustvoto-na-milica-i-melanija-na-work--travel-programata-vo-germanija_7.jpg

Милица Кушинска, апсолвент на медицинска физика на Природно-математички факултет и Меланија Цветковска, дипломиран физиотерапевт, и двете од Куманово, како дел од Work&Travel програмата летово го поминаа во Германија, работејќи во ланецот на ресторани Burger King.

„За нас, како млади студенти, Германија отсекогаш претставувала држава која ни нуди многу различни можности“, раскажува Милица Кушинска. „Јазикот го учиме уште од основно училиште и оваа пред сé беше одлична шанса да го усовршиме истиот.

Секако, сакавме летото да ни биде исполнето со нешто што корисно ќе влијае на нас како финансиски така и едукативно, а во исто време и ќе имаме можност малку да се осамостоиме. Имавме различни понуди од различни агенции, но сепак се одлучивме за Германија која ни беше најпристапна и поради самото добро искуство од минатото лето, кое јас го имав со работа во Германија и еве повторно се одлучив за истото“.

Iskustvoto na milica i melanija na work travel programata vo germanija 4

Кога Милица за прв пат аплицирала за оваа програма, не знаела што да очекува. Била делумно неподготвена и се чувствувала дури и несигурно. Сепак, крајниот исход од сето тоа било желбата да го повтори незаборавното искуство од претходната година. Затоа годинава Милица имала точно зацртани цели и очекувања. Сакала да го искуси европскиот живот од сите аспекти, но и да заработи некоја сума на пари.

„Јас претходните две години веќе имав искуство со  Work&Travel и бев подготвена на сите предизвици што ги носи самата работа, меѓутоа се чувствував несигурно поради недоволното познавање на германскиот јазикот“, открива Меланија Цветковска. „Но токму и поради тоа го прифатив предизвикот за да можам да научам нешто ново. Со секојдневна употреба и комуникација со луѓе најдобро може да се научи нов јазик. На крајот не можам да кажам дека 100% успеав во тоа, иако навистина сакав, но барем имам добра основа за да продолжам понатаму да се усовршувам“.

Iskustvoto na milica i melanija na work travel programata vo germanija 6

Милица и Меланија престојувале во местото Биберах, типичен германски мирен и мал град. Живееле во стан со уште двајца пријатели од Македонија. Бргу сфатиле дека германското општество и не се разликува многу од нашето, гледано од некој социолошки аспект, со обѕир на тоа дека имало многу луѓе од балканските земји, познати како ауслендери.

Токму поради некои одредени разлики им требало неколку недели адаптација за да се здобијат со одредени навики. Кога станува збор за работните обврски и двете велат дека било релативно лесно, пропратено со дружби и секако, стресни моменти.  

Iskustvoto na milica i melanija na work travel programata vo germanija 3

„Слободното време беше различно за секого“, споделуваат двете пријателки. „Се трудевме максимално да се дружиме заедно и да се комбинираме колку можеме бидејќи постојано бевме во различни смени. Сепак Германија е држава која покрај работни можности нуди и интересни места за посетување и различни активности, па често знаевме да уживаме и да се релаксираме во слободните часови.

Надвор од работното време се дружевме и со многу од нашите колеги во нивните локални места каде што младите излегуваат. За време на нашиот престој во самото место имаше и огромен локален фестивал каде што буквално целото место беше преплавено со луѓе, пиво и музика, па тоа ни беа и едни од најинтересните денови и навистина се чувствуваше германскиот дух, нивната култура и традиција“.

Iskustvoto na milica i melanija na work travel programata vo germanija 1

Поради недостаток од слободни денови, им било скратена можноста за патување, па најчесто се движеле во нивниот град и во околните места, но си дозволиле и неколку прошетки во Штутгарт, Улм и Манхајм

Милица и Меланија велат дека секој млад човек треба да помине низ слични искуства, да проба да се спознае себеси, и пред сé да се зацврсти како личност. Токму програмата Work&Travel им помогнала да допрат до поразлични концепти на нивното постоење, созревање и пред сé осамостојување.

Iskustvoto na milica i melanija na work travel programata vo germanija 5

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...
На одмор со Ива Спасовска во камп во Амуљани: „20 години имаме приколка таму, од Скопје се стигнува ... „Приколката е оставена во кампот преку целата година. Но, веќе е многу тешк...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...

Најчитани неделава