Лепосава Т. Анѓеловски живее во Франција: „Балканките се поубави од Французинките, но како народ се совршено организирани“

„Во градот каде што живеам Белфор врне 300 денови во годината, но со сопругот ракометар и синчето тука создадов дом, сега ја обожавам Франција“, вели 30-годишната Лепосава.

leposava-t-angjelovski-zhivee-vo-francija-balkankite-se-poubavi-od-francuzinkite-no-kako-narod-se-sovrsheno-organizirani-01.jpg

Лепосава Тупеска Анѓеловски (30) е магистер по фармација, а во процес ѝ е докторатот, а на својот Инстаграм профил @Мagnolia.glamour постојано споделува совети за нега и убавина.

Ние проговоривме со неа за животот во Франција и колку Французинките ѝ се инспирација околу работата:

Што те одведе во Франција? Колку време живееш таму и на кое место?

Спонтано и сосема случајно. Ако некој најмногу мразеше да живее далеку од своето родно место и најблиските – тоа бев јас.

Дојдов во 2016-та година. Мојот сегашен сопруг, а тогашен дечко е ракометар и тој дојде тука професионално, по што следеше запросување, свадба … па дојдов и јас со него. Со малку желба и многу носталгија ми помина првата година тука.

За разлика од сега, кога го уживам секој ден и момент заедно со синчето додека сопругот работи.

leposava-t-angjelovski-zhivee-vo-francija-balkankite-se-poubavi-od-francuzinkite-no-kako-narod-se-sovrsheno-organizirani-02.jpg

Дали Французинките навистина се најпрекрасни жени на светот?

Не! Навистина не можам да сфатам зошто тоа останало така. Ние од Балканот сме дефинитивно најубавите жени.

Овде во Франција вложуваат многу во патувања, ама мал е процентот на жени кои вложуваат во убавина. Негувани се сите, ама ништо повеќе од тоа.

Далеку од модерни и облечени според последните трендови. Секогаш одбираат класика и квалитет.

leposava-t-angjelovski-zhivee-vo-francija-balkankite-se-poubavi-od-francuzinkite-no-kako-narod-se-sovrsheno-organizirani-03.jpg

Французите знаат да уживаат во животот затоа што …

Затоа што овде е сè средено и подредено. Има ред и редослед. Не е на нив да се грижат за ситниците од секојдневието кои никогаш нема да им се битни.

Тие се грижат за секој ден и планираат однапред. Речиси никогаш не прават ништо во последен момент и секоја минута им е совршено организирана.

Мрачната страна на животот во Франција е …

Дождливото време во Белфорт (градот во којшто живеам). Од 365 дена во годината, 300 денови врне дожд.

Французите одлично функционираат и така, ама мене ми е голем хендикеп и сè уште не сум се научила да пешачам бавно и смирено, а над мене да врне дожд.

leposava-t-angjelovski-zhivee-vo-francija-balkankite-se-poubavi-od-francuzinkite-no-kako-narod-se-sovrsheno-organizirani-06.jpg

Трикови што ги научи таму за негата на кожа?

Ниеден или многу. Зошто? Ако не започнев курсеви на таа тематика, ќе беше одговорот ниеден 100%, ама како почнав да учам во специјализирани школи за нега на кожа и за поврзаноста на фармацијата и козметологијата, научив многу, дури и премногу. Мали работи кои чиста кожа значат и ги споделувам баш на мојот Инстаграм профил.

На твојот Инстаграм профил @magnolia.glamour постојано споделуваш совети за нега… Колку Македонките внимаваат на себе?

На ова прашање не можам да генерализирам. Сепак би рекла доволно.

Топ 3 совети за нега на себе …

  • Чистете кожа.
  • Хидрирајте кожа.
  • Употребувајте крема со заштитен фактор, секој ден.

Најубава Французинка според тебе е …

Caroline Receveur моментално и навистина е без конкуренција. Француска блогерка која има неколку свои брендови. Значи поим за женственост, нежност и негуваност.

Кое е највкусното јадење што си го јадела таму?

Раклет. Превкусно нешто за кое постои специјален апарат за топење на различни видови на сирење кое се полева врз обарен компир. Се додава и сувомеснато во зависност од вкус.

Дали е швајцарски или француски специјалитет е тема за дебата ама јас живеам поблиску до Базел отколку до Париз (на швајцарската граница) и ова јадење го обожавам.

leposava-t-angjelovski-zhivee-vo-francija-balkankite-se-poubavi-od-francuzinkite-no-kako-narod-se-sovrsheno-organizirani-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...
Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
Kристина (26) од Ресен живее на Малдиви: „Водич сум, нуркам со ајкули, се дружам со локалците - им д... „Шок доживеав тука кога за првпат се вселив во куќа и дури по вселувањето сфатив...
Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
Татјана од Радовиш живее во Швајцарија: „Ги спакувавме куферите со сопругот, за двете ќерки да раста... „Моите ќерки беа многу мали кога дојдовме тука – едната имаше само 1 година, а д...
Катерина Краљевска: „Со сопругот и 3-те деца живееме во предградие на Стокхолм, тука децата носат об... „Живееме на околу 40 минути од центарот со автомобил. Тука си купивме куќа и жив...

Најчитани неделава