Христијан Ѓоргиевски живее во Калифорнија: „Ја сретнав Анџелина Џоли во близина на мојот дом, богатите прават забави како од филмовите“

Каде одат на одмор локалците најчесто? Има ли евтини летови до егзотичните дестинации?

Со оглед на тоа што работам на аеродром постојано ги следам летовите, па знам и за каде има најмногу, а и се прилично евтини летови – Хаваи и Канкун, Мексико. Често се патува и за Мајами и секако Лас Вегас којшто е оддалечен 4 часа возење од Лос Анџелес, а само 45 минути со авион.

Според мене, најубаво место за одмор е Laguna beach во Калифорнија која изобилува со песочни плажи, палми и ресорти со поглед на Тихиот океан.

Од каде сѐ има доселеници во Калифорнија? Се наоѓа ли лесно работа?

Како што споменав претходно во Калифорнија има доселеници од цел свет и со тоа различни култури и тоа е една од работите поради која Лос Анџелес е интересен и добар за живот. Тука секој ја има слободата да ја негува сопствената култура, а воедно постојат и цели области кои претставуваат една култура, како на пример China town која се наоѓа во центарот на градот и буквално се чувствувате како да сте во Кина.

Што се однесува за доселеници од Македонија, за жал нема многу. Кога станува збор за работа - работа нема да најдеш само ако не сакаш да работиш! Големиот број на бизниси, компании нудат голем број на работни места и можност за просперитет. Земја на можности.

hristijan-gjorgievski-zhivee-vo-kalifornija-ja-sretnav-andjelina-djoli-vo-blizina-na-mojot-dom-bogatite-pravat-zabavi-kako-od-filmovite-12.JPG

Калифорнија изобилува со неверојатна природа, што обожаваш најмногу таму?

Секако дека изобилува со неверојатна природа. Има голем број на национални паркови, а како едни од најпознатите ќе ги издвојам Yosemite National Park и Sequoia National Park кои воедно се и најпосетените во Калифорнија.

Како мое хоби веќе некое време е мотокрос, па кога одам на возење со другар ми често одиме во порурални, планински предели каде што возиме и по неколку часа во еден правец, а недопрената природа што ја среќаваме е прекрасна. Покрај ова исто така често одам и покрај океан особено на зајдисонце каде што со добро друштво уживам во добар коктел и погледот на Тихиот океан.

hristijan-gjorgievski-zhivee-vo-kalifornija-ja-sretnav-andjelina-djoli-vo-blizina-na-mojot-dom-bogatite-pravat-zabavi-kako-od-filmovite-15.jpg

Би сакал ли да дочекаш пензија таму?

Добро прашање иако искрено не сум размислувал толку далеку во иднина, сепак не знаеме животот кај ќе не однесе. Знам дека Калифорнија е одлична држава за лица во пензија бидејќи им нуди многу бенефиции. Кој знае, можеби ќе останам тука, можеби на крај и ќе се вратам во Македонија бидејќи каде и да одиш, како дома никаде нема.

Повеќе фотографии од Христијан од Калифорнија:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Христијан Стојановски за животот во Тајван: „Присуствував на реална воена вежба, го посетив најголем... „Тајван е една од ретките држави каде сите се активни на спортски план. Во ...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...
Стефан Маневски живее во Стразбур: „Велосипед е основно превозно средство, рестораните работат само ... „Живеењето во Стразбур веројатно не може да се замисли без велосипед како основн...
Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот ж... „Се вљубив во камперскиот живот благодарение на мојот сопруг Мартин кога првпат ...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg