Христијан Ѓоргиевски живее во Калифорнија: „Ја сретнав Анџелина Џоли во близина на мојот дом, богатите прават забави како од филмовите“


Христијан Ѓоргиевски живее во Калифорнија: „Ја сретнав Анџелина Џоли во близина на мојот дом, богатите прават забави како од филмовите“

„По 12 години чекање добивме зелена карта и фамилијарно одлучивме да отидеме во Калифорнија. Најдобрата работа тука е разновидноста. На два часа од Лос Анџелес може да одиш на планина каде има снег и да скијаш, а од таму по два часа може да одиш на плажа на океан каде времето е убаво и да се капeш“, раскажува 25-годишниот Христијан од Битола.

hristijan-gjorgievski-zhivee-vo-kalifornija-ja-sretnav-andjelina-djoli-vo-blizina-na-mojot-dom-bogatite-pravat-zabavi-kako-od-filmovite-01.jpg

Христијан Ѓоргиевски (25) е роден во Битола, а повеќе од 4 години живее во Калифорнија.

Тој го живее „калифорнискиот сон“, ужива во најубавите зајдисонца над Тихиот Oкеан и по улиците ги гледа холивудските ѕвезди.

По професија е физиотерапевт, но во Калифорнија работи на Интернационалниот аеродром во Лос Анџелес, а од пред неколку месеци има сопствен бизнис за продажба на автомобили. 

За искуствата од животот во Калифорнија тој пренесува за CRNOBELO.com:

Што те одведе во Калифорнија? Како се одлучи за преселба?

Преселбата во Америка не беше воопшто во план. Лично јас не сакав да ја напуштам Македонија, меѓутоа добивме писмо дека имаме право да аплицираме за зелена карта и тоа благодарение на тетка ми која живее тука во Лос Анџелес.

По 12 години чекање добивме зелена карта и фамилијарно одлучивме да дојдеме - првично на неколку месеци. Тогаш, гледајќи ги можностите кои ги нуди Америка, а сега и убавините кои ги гледам секојдневно во Лос Анџелес направија да сфатам дека всушност не сакам да се вратам назад.

Тоа не значи дека не ми недостига Битола, другарите и кафето на Широк Сокак ама во Лос Анџелес веќе живеам 4.5 години и можам да кажам дека сум задоволен и среќен со тоа што досега го имам постигнато. Засега немам намера да го напуштам, а за понатаму останува да видиме.

hristijan-gjorgievski-zhivee-vo-kalifornija-ja-sretnav-andjelina-djoli-vo-blizina-na-mojot-dom-bogatite-pravat-zabavi-kako-od-filmovite-03.JPG

На што се мисли кога се вели „калифорниски сон“, каков стил на живот се води таму?

Кога се вели „калифорниски сон“ се мисли на богат, финансиски живот каде што можеш да си дозволиш скапи, убави работи, а и патувања секаде каде што сакаш.

Што се однесува до стилот на живот, кога ќе се спомне Лос Анџелес како град веднаш асоцира на славни личности, гламур и луксуз што и во најголемиот дел е и така. Меѓутоа го има и оној дел каде што не е сè така розово, добро и лесно.

hristijan-gjorgievski-zhivee-vo-kalifornija-ja-sretnav-andjelina-djoli-vo-blizina-na-mojot-dom-bogatite-pravat-zabavi-kako-od-filmovite-08.JPG

Долови ни ја атмосферата од Лос Анџелес во неколку реченици...

Што се однесува до атмосферата... Голем град, гужва, мешани култури, музика, прекрасно калифорниско зајдисонце, песочни плажи, славни личности, храна од целиот свет, од луксузни населби до сиромашни и опасни предели кои што не се посетуваат. Но и во тоа има убавина, нели?

Во град како Лос Анџелес можноста за просперитет како индивидуа секој сам си ја одбира.

Најубавата работа во овој град е...

И покрај големиот избор на убави работи во Лос Анџелес сепак како најдобра би ја издвоил климата. Преку лето температурите се движат од 28-35 степени, а зимите се исто доста топли од 16-23 степени. За разлика од Македонија, каде што температурата често знае да биде и под 0.

Нема да го исклучам и раскошот којшто владее во Beverly Hills, прекрасните плажи на Тихиот океан (Santa Monica, Malibu, Manhattan beach) и секако местото по кое Лос Анџелес е најпознат - Холивуд.

hristijan-gjorgievski-zhivee-vo-kalifornija-ja-sretnav-andjelina-djoli-vo-blizina-na-mojot-dom-bogatite-pravat-zabavi-kako-od-filmovite-13.jpg

Пентахус со поглед на Тихиот Oкеан или куќичка во некој порурален дел од Калифорнија?

Калифорнија е цела убава и поруралните делови имаат своја позитивна страна. Поевтини, големи куќи, посмирен живот, повеќе природа... Но според мене тоа е за повозрасни, фамилијарни луѓе.

Без разлика, јас сепак би одбрал пентхаус со поглед на Тихиот океан каде што утринското кафе го пиеш на тераса на изгрејсонце, а после работа денот ти завршува со убавото калифорниско зајдисонце. А и голема е веројатноста за соседи да имаш неколку славни личности.

hristijan-gjorgievski-zhivee-vo-kalifornija-ja-sretnav-andjelina-djoli-vo-blizina-na-mojot-dom-bogatite-pravat-zabavi-kako-od-filmovite-11.JPG

Каков животен стил водат локалците? Имаат ли големи куќи, луксузни автомобили, завиден стил на живот? И од друга страна пак дали има екстремна сиромаштија?

Лос Анџелес е огромен град каде што може да се виде сѐ и сешто. Факт е дека сите се трудиме да го живееме или достигниме тој „калифорниски сон“ ама можам да кажам дека во глобала се води добар, убав живот. Секој на свој начин има достигнато свој луксуз, дали убава куќа, дали најнова кола, дали патувања низ светот.

Нешто што имам забележано е дека добар дел од локалците се хранат здраво т.е претежно се купува органска храна. Исто така се живее доста брз живот. 

И да, постојат екстремно сиромашни делови од Лос Анџелес каде што е и опасно за живеење, како таков предел би ја издвоил областа Compton каде што не е препорачливо да се оди воопшто.

hristijan-gjorgievski-zhivee-vo-kalifornija-ja-sretnav-andjelina-djoli-vo-blizina-na-mojot-dom-bogatite-pravat-zabavi-kako-od-filmovite-02.jpg

Си сретнал ли некоја холивудска ѕвезда?

Да, тука често се сретнуваат познати личности. Јас досега сум ги видел  Силвестер Сталоне кој возеше еден доста обичен автомобил и Анџелина Џоли во продавница за облека која е блиску до мојата куќа. 

hristijan-gjorgievski-zhivee-vo-kalifornija-ja-sretnav-andjelina-djoli-vo-blizina-na-mojot-dom-bogatite-pravat-zabavi-kako-od-filmovite-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Патувањето на Around Gaia продолжува: „Комбето е сега наш дом и ќе посетиме што е можно повеќе места... Да се патува четири години со мотор, да се живее од ден за ден, да се посетат 70...
Мартина Митовска: „Се вљубив во Мексиканец, живеам на една од најубавите туристички дестинации во св... „Канкун, Плаја дел Кармен и Тулум во Мексико се едни од најатрактивните туристич...
Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg