Ребека Ле Мон (28), Македонка во Сан Франциско: „Имав бајковита свадба на плажа со Марк (51), за породување платив 25.000 долари“

„Глетката накај Сан Франциско од мостот Голден Гејт од едната страна и глетката кон Саусалито се мелем за душа. Мислам дека овој град има душа и исто така верувам дека е невозможно човек да не се заљуби во убавините што ги нуди“, открива 28-годишната Ребека Ле Мон за животот во Калифорнија.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-01.jpg

Ребека Ле Мон (чие моминско презиме е Наумоска), е 28-годишна Македонка која студирала и магистрирала во Германија, а сега живее во Сан Франциско, Калифорнија и вели дека моментална професија ѝ е мајка и домаќинка.

Со сопругот во 2019 година започнале со креирање на модниот бренд „PH Luxury Clothing“, но нејзината бременост и короната ги ставиле нивните планови на пауза.

Ребека живее надвор од Македонија од 2006-тата година. Тогаш се преселила во Германија заедно со мајка ѝ, која се премажила таму. Во Германија Ребека завршила основно, средно и факултет, а во САД живее од крајот на 2018-тата година.

Со неа проговоривме за нејзината љубовна приказна и животот во Сан Франциско:

Колку време живееш во Сан Франциско и дали ти беше тешко да се одлучиш да ја напуштиш Германија, по толку години минати таму?

Во Сан Франциско живеам од крајот на 2018-тата година и не, не ми беше тешко да ја напуштам Германија. Свесна бев за чекорот што го правам.

Знаев дека ќе ми фали семејството, но мислам дека тоа е кругот на животот кога децата си заминуваат од гнездото.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-05.jpg

Како го запозна сопругот и дали разликата во години ви била некогаш пречка за нешто во животот?

Марк го запознав на Инстаграм. Тој има 51 година, а јас 28. За мене лично, а и за моите родители никогаш не беше проблем разликата во години помеѓу Марк и мене, поради тоа што не сум имала момче во мојот живот што бил на моја возраст. Секогаш врските ми биле со 10/15/20 години постари од мене.

Имав само едно момче или врска што разликата беше само една година и од тогаш разбрав дека јас не можам да се разберам со некој на моја возраст. Од мала бев принудена да пораснам побрзо од сите на моја генерација и затоа секогаш сум имала и другарки дури што се 20 години постари од мене.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-06.jpg

Од каде идејата за бајковита свадба на плажа, како изгледаше организацијата и кој е моментот што никогаш нема да го заборавиш?

Свадбата на плажа ми беше сон уште од 2004-тата година кога ја гледав теленовелата „Руби“ и кога ја видов свадбата на Руби и Хектор на плажата во Канкун. Оригинално нашата свадба требаше да биде во Канкун, но во тој период времето беше многу лошо во Канкун и затоа се одлучивме за Флорида.

Марк ја организираше свадбата. Јас не знаев ништо до крајот… Најубав момент од тој ден ми беше кога го фрлив букетот додека се возевме со кабриолет накај Мајами, на колата пишуваше „just married“.

Се почувствував како да сум во некој нереален филм што сум го гледала на ТВ. Го фрлив букетот, го погледнав Марк, ги видов неговите очи полни љубов и си реков „јас сум најсреќната жена на овој свет“.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-12.jpg

Сметаш ли дека го живееш „калифорнискиот сон“? Како ти изгледа секојдневието?

Па, пред да се роди Макси моето секојдневие беше различно од сега. Пред да се роди тој, секој ден одев во канцеларијата, каде што работев и креирав нови дизајни за нашата компанија за облека.

Скоро секој викенд одевме во Лос Анџелес, поради тоа што таму е фабриката каде што ја правевме целата облека. Одевме на многу состаноци со холивудски ѕвезди, кои Марк ги познава лично.

Тој кога имал 20 години работел (односно му било хоби) како каскадер во многу познати филмови како Pretty Woman, Basic Instinct… На тој начин запознал многу луѓе, кои сакаа да бидат дел од рекламата за нашата компанија. Исто така Чарли Пут требаше да е дел, пејачката Шер, ќерка ѝ и многу други.

Од кога се роди Макси сум дома и сум најсреќна на цел свет што му се посветувам 100% на него. Знам дека овие моменти нема да се повторат и сакам да му ја дадам целата моја љубов. Мислам дека има време за сè друго.

Секој ден е различен со Макси. Секој ден е нов предизвик. Секој ден е ново искуство и за него и за мене. Уживам во секој момент и му се заблагодарувам на Господ за овој благослов.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-11.jpg

Зошто Сан Франциско е совршен град за живот?

Мислам дека Сан Франциско, а и воопшто Калифорнија има многу да понуди. Од архитектура до природни убавини.

Конкретно Сан Франциско ми се допадна поради пејзажите, синото небо, зеленилото, чистиот воздух, утринскиот воздух полн со јод. Бојата на океанот, ветерот во косата кога правам прошетки на Голден гејт. Песочните плажи, посебно Ocean beach и Baker beach ми се мелем за душа. Би можела цел ден да гледам во океанот, да ги слушам брановите…

Јас сум голем вљубеник во природата, па затоа Сан Франциско како град ме воодушеви во првите 5 минути.

Музеи, стари градби, историја се исто дел од овој град. МОМА (Музеј на модерна уметност) е еден од поубавите музеи во Сан Франциско. Тој и The Palace of Fine Arts ми оставија најголем впечаток.

Како што кажав, Сан Франциско има убавини за сечии очи.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-02.jpg

Пред извесно време се реализираше во улогата на мајка… Кажи ни нешто повеќе за породувањето таму, какви услови нудат болниците?

Да, на 26 септември 2020 година станав мајка. Цел живот сонував за тој момент, да станам мајка. Господ ме награди со син. Отсекогаш сакав да родам син.

Здравството во Америка за жал не ми се допаѓа. Секогаш го споредувам со германското здравство. Германија е држава со социјален систем и поради таа причина и здравството е пристапно и за тие што не се економски силни.

Во Германија има здравство, доктор, помош за секој без разлика дали има финансии или не. Во Америка сето ова изгледа поинаку и затоа многу луѓе се принудени да се породат дома. Ние моравме да платиме 25.000 долари за 48 часа.

Се породив природно, без епидурална. Можете да си замислите колку ќе чинеше ако беше царски рез. Зборот ми е дека, здравството во Америка е некако пристапно само за тие што имаат подобри финансии, здравствено осигурување кое чини многу и без разлика на месечната квота, кога ќе отиде човек на доктор – се плаќа пак.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куф... „На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорен...
Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт...
Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот ж... „Се вљубив во камперскиот живот благодарение на мојот сопруг Мартин кога првпат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg