Ребека Ле Мон (28), Македонка во Сан Франциско: „Имав бајковита свадба на плажа со Марк (51), за породување платив 25.000 долари“ - Results from #2


Ребека Ле Мон (28), Македонка во Сан Франциско: „Имав бајковита свадба на плажа со Марк (51), за породување платив 25.000 долари“

Колку често патувате низ САД?

Кога немаше корона секој викенд. Сега сме дома.

Работат ли многу Американците? Во колку часот завршува работното време?

Па искрено да. Зависи од тоа кој каква работа има, но добив впечаток дека да, сите работат и подолго од нормалното работно време што би било од 8 часот наутро до 17 часот.

Посебно тие што работат во Google, Instagram, Facebook или Microsoft.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-09.jpg

Какви се во поглед на врските? Дали се цени бракот како кај нас?

Мислам дека има голем процент на разведени, но верувам дека многумина веруваат во „old school“ љубов и во тоа дека можеш со еден човек да го поминеш цел живот и да работиш на бракот или врската секој ден. Да ја чуваш како што се чува цвеќе. Да ја поливаш секој ден и да ја гледаш со љубов.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-03.jpg

Како се забавувате за време на викендите?

Кога немаше корона, скоро секој викенд бевме во Лос Анџелес или Малибу. Често во Дизниленд.

Сега сме дома. Се надевам дека наскоро ќе заврши сè ова што го сруши светот и дека секое лошо е за добро. Не знам на кој друг начин да ја оправдам оваа пандемија, лоша економија, тага во очите на луѓето. Покрај маските, ни се гледаат очите на сите, а тие никогаш не лажат.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-14.jpg

Каде одат локалците на одмор, кои земји ги посетуваат?

Мислам дека Мексико е една од омилените дестинации и Хаваи. Секако и Флорида е дел од омилени дестинации.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-07.jpg

Што ти недостига најмногу од Македонија?

Моето семејство, најмногу татко ми. Долго време не живеам во Македонија. Затоа не чувствувам посебна потреба да се вратам назад. Важниот дел од мојот живот го поминав во Германија.

rebeka-le-mon-28-makedonka-vo-san-francisko-imav-bajkovita-svadba-na-plazha-so-mark-51-za-poroduvanje-plativ-25-000-dolari-04.jpg

Повеќе фотографии од Ребека во Сан Франциско:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мими Анастасова за престојот на Малдиви: „Под бунгаловиот ни пливаа ајкули навечер, а најмногу турис... „Имавме можност 2 дена да престојуваме во вилите на вода, искуството е навистина...
Никола Настески: „Возење на санка со хаски во Лапонија е 150 евра, а ноќевање во игло 1.500 евра“ „Во Лапонија се чувствувате како да сте во сцена од книгата Повикот на дивината,...
Кристина Митреска: „На Алјаска санкав со хаски и ја пиев најубавата вода од чешма“ „Алјаска е руска Америка, која ќе ве изненади со високиот стандард. Луѓето се ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg