Сања Коцева: „На Бали нема јавен превоз, а и 20 дена се малку за сѐ да се види – островот е рај“

Беше ли дел од некој нивен традиционален обред?

Додека бевме во посета на оризовите полиња, имав можност да учествувам во процесот на производство на познатото Luwak кафе кое е уникатно за цел свет. Важи за едно од најскапите кафиња во светот каде еден килограм кафе може да достигне и до 600 евра.

Процесот не вклучува употреба на никакви машини, туку рачна обработка на зрна кафе кои претходно поминуваат низ дигестивниот тракт на животното наречено Asian Palm Civet.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-04.jpg

Во каков тип на сместување престојуваше? Од што од понуденото си највоодушевена?

Нашиот престој на Бали го поделивме на два дела. Десет дена во ресорт во џунглата во Ubud, а десет дена во ресорт покрај океанот во градот Seminyak.

И во двата ресорти искуството беше феноменално, иако ние најголем дел од времето го поминувавме надвор во истражување на островот.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-22.jpg

Највоодушевена бев кога во ресортот во џунглата ни приредија појадок на вода (floating breakfast) во бесконечниот базен со поглед кон џунглата на изгрејсонце.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-24.jpg

Најромантична сцена на која посведочи на Бали е …

Во најромантичната сцена на Бали јас ја имав главната улога. Мојот тогашен дечко (сега сопруг) ме однесе на традиционално балинејско капење во када со цвеќиња.

Целата када беше украсена со срциња направени од различни цветови и имаше поглед кон џунглата. Сликите во продолжение сведочат за овој романтичен момент.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-13.jpg

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-12.JPG

Дали би го препорачала како дестинација за одмор на сите?

Дефинитивно. Не само како дестинација за одмор туку и како авантура низ цел еден нов свет.

Запознавање со нова култура, традиции, луѓе. Погледот кон недопрената природа, оризовите полиња, најубавите зајдисонца и пријатната клима се гаранција за совршен одмор.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-02.jpg

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-15.jpg

Повеќе фотки од Сања на Бали:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сања Коцева за патувањето во Оман, пред војната: „Литар нафта беше 30 денари, како да сте во бајката... „Гледајќи ги локалците во традиционална облека, имате чувство како да сте во фил...
На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
Дијана од Тетово за патувањето во Њујорк со дете: „Бевме 2 недели, не е град приспособен за шетање с... „Иако градот нуди многу содржини и атракции, прошетката во центар знае да биде д...

Најчитани неделава