Јасмина Мукаетова: „На Туркс и Кајкос е најубавата плажа на Карибите, игуани имаше насекаде на островот“

Најлошата страна на Туркс и Кајкос е …

Навистина не можам да дадам квалификација - лоша страна, повеќе би рекла аномалија е тоа што островот е многу мал, а има преголема заинтересираност за посета од страна на туристите.

Високата побарувачка исто како кај основниот закон во економијата на понуда и побарувачка ги ескалира цените на услугите и го квалификува островот како еден од најскапите за одмор во светот.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-05.JPG

Како се движеше таму, кои места ги посети?

Бевме концентрирани на активности во ресортот, затоа што беа на сила рестрикции во движењето, а голем дел од атракциите на островот беа целосно недостапни и затворени за посета.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-10.JPG

Најромантична сцена на која посведочи на Туркс и Кајкос е …

Романтичната вечера на плажа на зајдисонце. Поглед кој го одзема здивот, доживување кое е незаменливо.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-16.JPG

Какви се локалците? Има ли сиромаштија? Во какви домови живеат?

Ектремна контрадикторност помеѓу тоа што може да се види во ресортот и надвор од него. Можам да констатирам дека не е едноставен животот на месното наление во Туркс и Кајкос, се забележува несредена инфраструктура и живелиштата се доста оскудни, ама ете тие луѓе уживаат во природата и беспрекорната клима, и затоа се ведри и насмеани.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-11.JPG

Каква е храната? Највкусното нешто беше …

Храната во ресортот беше приспособена на гостите, од каде што доаѓаат. Имаше сѐ за сите, медитеранска, континентална, азиска и секако традиционална карипска.

Јас кога патувам преферирам да ја консумирам храната којашто е автентична за дестинацијата, во случајот тоа беше комбинација на слатко и солено, прекрасни вкусови на менито. Грев е да издвојам нешто, едноставно сè беше одлично.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-07.JPG

Имаше ли специфичен растителен и животински свет?

Да секако, изобилие од бои и шаренило на украсната хортикултура, обликувана со префинет вкус. Ама како што реков претходно природата била прекумерно дарежлива на тој регион и со човечката креативност, формирани се уметнички творби од цвеќиња, растенија и дрвја.

Од животинскиот свет, најкаракретистични се игуаните, кои може да се забележат насекаде. На островот живеат многу други ендемични видови на гуштери, а исто така многу интересно е фламингото, кое може да се забележи на плажите, како плени со убавата невообичаена розова боја.

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-04.JPG

Дали би го препорачала како дестинација за одмор на сите?

Да секако, одете, патувајте, уживајте и радувајте се на убавините на Туркс и Кајкос, кој ветува неповторливо доживување!

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-17.JPG

jasmina-mukaetova-bev-smestena-do-najubavata-plazha-na-turks-i-kajkos-iguani-imashe-nasekade-na-ostrovot-14.JPG

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со семејство Марковски на Тасос: „Патувавме 7 часа од Скопје, траектот нè чинеше 84 евра, с... „Бевме вo all-inclusive хотел за првпат, но сфативме дека сепак сме повеќе за ше...
На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Александра П. Илиевска во Пореч: „Има природни сенки, водата беше топла за Јадран, лежал... „Ова мирно место се наоѓа на Истра во Хрватска и идеално е за семејства кои...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...

Најчитани неделава