Симонида Насковска: „Истражувањето на Хрватска е магично искуство, но една позната плажа ме разочара во реалноста“

Кое место ти остави најсилен впечаток?

И покрај тоа што Дубровник е мојот фаворит, на ова патување ме освои Хвар. Освен со своите специфични природни убавини, плени и со добрата вечерна забава, живи свирки со бендови и дружење, кое е неопходен дел за квалитетно поминат одмор.

Ќе се сеќаваме уште долго на топлото добредојде од хрватите и верувам дека повторно ќе се вратиме.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-03.jpg

Го сакаш Јадранското Море затоа што...

Затоа што е познато по својата убавина но и затоа што уште го чувствуваме како наше море и имаме посебна приврзаност за Јадранот, како и за Хрватска и за хрватската музика и народ.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-23.jpg

Важи ли она Инстаграм vs. Реалност за некои места? Што изгледаше совршено, а те разочара во живо?

За плажата „Златни Рат” на Бол, имавме високи очекувања базирани на препораки од пријателите и многуте фотографии. Но, при посетата се соочивме со огромна гужва на оваа плажа и не успеавме да ја доживееме онака како што очекувавме.

Проценивме дека оваа плажа треба да се посети вон сезона, за да се доживее нејзината препознатлива убавина.

Исто така, отежнувачки фактор беше и гужвата на магистралите, како и водниот сообраќај кој не одговори на потребите на туристите во целост.

Хрватска нè асоцира на магична архитектура, дали е навистина така?

Примамува со својата специфична градба, која содржи елементи од историјата и традицијата на овој народ. Импресивна е цврстината на ѕидините кои служеле за заштита на населението и кои останале цврсти низ времињата и се отпорни и денес.

Од друга страна кај оваа градба се запазува и естетиката која е атрактивна и во денешно време.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-08.jpg

Од кои земји имаше најмногу туристи?

Во периодот кога бевме таму, забележавме поголемо присуство на Германци, Италијанци, Полјаци.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-06.jpg

Се почитуваа ли мерките поради пандемијата?

Протоколите генерално се почитуваа, на затворените места се носеше маска, а на отворените  како плажи и ресторани, генерално немаше рестрикции.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-22.jpg

Што ти остави најсилен впечаток?

Безброј убавини, прекрасно море. Хрватите со своето ведро расположение покажуваат подготвеност да споделат информации со туристите за местата кои треба да се посетат, со цел тие подобро да ја запознаат Хрватска, но исто така покажуваат подготвеност и да помогнат на туристите доколку за тоа се појави некоја неопходна потреба.

Познато е гостопримството на Хрватите и со тоа што на туристот му го олеснуваат престојот со претходно набавени основни артикли како средства за лична хигиена, основни намирници во кујната и слично, како и задолжително мапа и упатство со информации.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-18.jpg

Зошто Хрватска е совршена летна дестинација?

Овозможува незаборавни доживувања и вистински одмор исполнет со длабоки импресии и задоволство.

И секој нареден ден нуди нова инспирација.

Повеќе фотографии од одморот на Симонида во Хрватска:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
На одмор со Стефанија Кржеска на Малта: „Не ми се допадна гужвата на плажите, лежалки се до 30€, гра... „Blue Lagoon е вистинска туристичка замка. Местото е мало, а имаше премногу...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...
Марио од Скопје го посети Рио: „Криминалци со пушки те поздравуваат нормално во фавелите, туристите ... „За време на карневалот луѓето стануваат во 5 наутро за да одат на улични забави...
На одмор со Бранко на Мајорка: „Летавме преку Софија, изнајмивме автомобил за 300€ - храната не ме в... „Случајно се погодивме таму додека шпанската репрезентација играше натпревар на ...

Најчитани неделава