Симонида Насковска: „Истражувањето на Хрватска е магично искуство, но една позната плажа ме разочара во реалноста“

„Предвидовме нашето патување да трае 14 дена и тоа започна од Дубровник, понатаму кон Брач, Сплит, Хвар, Слано. И покрај тоа што Дубровник е мојот фаворит, на ова патување ме освои Хвар.“, раскажува 32-годишната Симонида од Скопје.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-01.jpg

Симонида Насковска, 32, маркетинг медиа специјалист и судски преведувач неодамна ја посети Хрватска и со својот партнер истражи дел од најубавите места на оваа атрактивна летна дестинација.

За CRNOBELO.com таа ги споделува искуствата оттаму:

Кои места ги посети во Хрватска и зошто токму тие?

Често слушав прекрасни зборови за оваа земја, луѓето се полни со импресии и позитивни впечатоци од убавините на Јадранот и Хрватска во целост. Освен за убавините на хрватската ривиера, разбрав и за гостопримството на Хрватите, нивниот позитивен пристап кон туристите и почитување на гостите од Македонија. И веќе подолго време ми беше желба да ја посетам оваа земја.

Со особено внимание ја подготвувавме агендата, изборот на препорачани дестинации беше богат, а ние имавме желба да видиме многу од нив, и престојот да го искористиме во целост.

Предвидовме нашето патување да трае 14 дена и тоа да започне од Дубровник, понатаму кон Брач, Сплит, Хвар, Слано.     

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-04.jpg

Која е магијата на островот Хвар?

Хвар со своите убавини , топло ве пречекува уште на самото пристаниште, каде веднаш ќе ја почувствувате морската свежина и пријатната медитеранска клима.

Глетката на бројните големи луксузни јахти покажува дека Хвар е полн со гости од разни места на светот, и  ја засилува возбудата која се чувствува уште на самиот почеток.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-17.jpg

Чувството на задоволство го дополни гостопримството на домаќинот кој изрази срдечност и подготвеност да ни ги пренесе сите важни информации за Хвар. По средбата со него, беше многу поедноставно брзо да се ориентираме и да ги посетиме најважните места во овој дел.

Хвар плени со мали уредени улички, по кои прошетките претставуваат вистинско задоволство. Ги вкусивме и специјалитетите од хрватската кујна, свежа риба, морски специјалитети и локално вино, кои во пријатниот амбиент со убава музика и квалитетна угостителска услуга, ни оставија силен впечаток.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-12.jpg

Хвар нуди забава за посетителите и во подоцнежните часови во убаво уредени летни бавчи, ресторани и бројни кафулиња. Впечатокот за Хвар е комплетен и со посетата на Стариот град, кој нуди уживање во живи свирки кои споени со архитектурата на градот даваат посебна магија.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-30.jpg

Престојот на Хвар го заокруживме со посета на Калето Фортица – познато и како Шпанско Кале, кое нуди фасцинантен поглед на пристаништето и „Паклени острови“ како најголема атракција во овој дел од Хрватска.

Патеката до Калето поминува низ богата и мирна природа, и за љубителите на пешачење е  одличен избор за прошетка.

За оние кои немаат таква можност, а сакаат да го посетат Калето, асфалтираниот пат може да се помине и со автомобил за неколку минути.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-10.jpg

Сплит е уникатна прикaзна затоа што...

Во Сплит, Јадранот се гледа во целата своја убавина. Улицата на палмите,  ја дава можноста секој турист да ужива во погледот на морето и да ја почувствува морската клима.  

Сплит со својата атрактивност го привлекува вниманието  на туристите, кои со задоволство го разгледуваат овој град, и заминуваат со сувенири и чувство дека со себе, земаат и дел од градот.

Една од атракциите на Сплит која побудува голем интерес кај туристите е Диоклецијановата палата која импресионира  со својата специфична градба, создадена во III век  и заштитена како дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-15.jpg

Импровизираните претстави со римските војници, кои се практикуваат за забава на туристите, на интересен и духовит начин нè враќаат во едно далечно време на императорот Диоклецијан.

Предизвик во Диоклецијановата палата,  е искачувањето низ катедралата. За разлика од другите делови на катедралата кои се просторно пошироки за движење, првите два дела, се екстремно тесни и можат да придонесат туристот да се предомисли и да се откаже од искачувањето.

Но, вистинско задоволство е катедралата да се искачи до самиот врв и од таа перспектива да се види Сплит во целата своја убавина.

simonida-naskovska-istrazhuvanjeto-na-hrvatska-e-magichno-iskustvo-no-edna-poznata-plazha-me-razochara-vo-realnosta-14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
На одмор со Стефанија Кржеска на Малта: „Не ми се допадна гужвата на плажите, лежалки се до 30€, гра... „Blue Lagoon е вистинска туристичка замка. Местото е мало, а имаше премногу...
На одмор со Кристина Арнаудова на Мајорка: „Островот е пречист, но плажите не ме воодушевија“ „Беше полноќ кога пристигнавме, па не сфативме како изгледа околината, но затоа ...
Марио од Скопје го посети Рио: „Криминалци со пушки те поздравуваат нормално во фавелите, туристите ... „За време на карневалот луѓето стануваат во 5 наутро за да одат на улични забави...
На одмор со Бранко на Мајорка: „Летавме преку Софија, изнајмивме автомобил за 300€ - храната не ме в... „Случајно се погодивме таму додека шпанската репрезентација играше натпревар на ...

Најчитани неделава