Владанка Крстевски за медениот месец во Мексико: „Ме шокираше влажноста на воздухот, а ме воодушевија луѓето“

„Бевме група од 13 луѓе, па сите заедно некако го истражувавме Мексико, други Македонци не сретнавме – ама сретнавме Хрватка која се преселила во едно мало селце Селфорино, отворила локално кафуле, продава кафе и живее на море. Секоја чест, вистинскo уживање!, раскажува Владанка Крстевски за CRNOBELO.com.

vladanka-krstevski-za-medeniot-mesec-vo-meksiko-me-shokirashe-vlazhnosta-na-vozduhot-a-me-voodushevija-lugjeto-01.jpg

Владанка Крстевски, актерка во Театар Куманово, беше во Мексико на меден месец со сопругот, поточно во овој рај на земјата парот уживаше 13 дена.

Нејзините фотографии оттаму говорат повеќе од зборови.

Сепак, поразговаравме со неа за да ги пренесе впечатоците оттаму за CRNOBELO.com:

Мексико звучи како совршена дестинација за одмор, дали беше навистина така?

Јас сакам да патувам, мене тоа ми е страст и единствено богатство. Мексико за мене е една од дестинациите која морав да ја посетам до 30-тата година, и навистина е совршено место за одмор, но и за учење на интересни работи за цивилизацијата на човекот.

vladanka-krstevski-za-medeniot-mesec-vo-meksiko-me-shokirashe-vlazhnosta-na-vozduhot-a-me-voodushevija-lugjeto-08.jpg

Како изгледа патувањето дотаму?

Долго! Летот до Мексико, поточно Канкун трае 17 часови од Истанбул. Така што се патува баш многу, но за луѓе кои се луди по патување мислам дека е предизвик.

vladanka-krstevski-za-medeniot-mesec-vo-meksiko-me-shokirashe-vlazhnosta-na-vozduhot-a-me-voodushevija-lugjeto-02.jpg

Првиот впечаток по слетувањето...

Шок – од влажноста на воздухот и од моментот дека стапнав на друг континент.

vladanka-krstevski-za-medeniot-mesec-vo-meksiko-me-shokirashe-vlazhnosta-na-vozduhot-a-me-voodushevija-lugjeto-05.jpg

Единственото што те разочара беше...

Ништо, дури и кога станува збор за безбедноста. Дури и картелите се одлично спремни и туристите се целосно заштитени.

vladanka-krstevski-za-medeniot-mesec-vo-meksiko-me-shokirashe-vlazhnosta-na-vozduhot-a-me-voodushevija-lugjeto-06.jpg

Долови ни ја убавината на плажите... Имаше ли проблем од типот на алги, бранови, студена вода?

Плажите беа совршени. Корален песок и тиркизно море. Мислам дека тоа беше најубавата вода во која сум се капела, топло мирно и спокојно.

Особено ме восхитија сенотите, тоа се мали водни езерца, дел од една голема подземна река, кои всушност се наоѓаат на територијата на Јукатан и се полни со минерали.

vladanka-krstevski-za-medeniot-mesec-vo-meksiko-me-shokirashe-vlazhnosta-na-vozduhot-a-me-voodushevija-lugjeto-03.jpg

Има отворени и затворени, посетивме неколку сеноти и чувството да пливаш во нив е необјасниво. Има нешто магично во тие води.

vladanka-krstevski-za-medeniot-mesec-vo-meksiko-me-shokirashe-vlazhnosta-na-vozduhot-a-me-voodushevija-lugjeto-09.jpg

Каков народ се Мексиканците?

Гласен, темпераментен, колоритен, пријателски настроен, културен и пред сѐ скромен.

vladanka-krstevski-za-medeniot-mesec-vo-meksiko-me-shokirashe-vlazhnosta-na-vozduhot-a-me-voodushevija-lugjeto-10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Андреа од Скопје, живее во Дубаи 12 години: „Работам како фитнес тренер, имам свој дом тука и прекра... „Безбедноста што ја чувствуваме тука и квалитетот на живот се неверојатни. Секој...
Кика од Скопје за престојот во Куба: „Локалците се намачени, платите се прениски, но Хавана има душа... „Платите се екстремно мали, а и кога имаат малку пари за да си дозволат храна, с...
Македонка што живее во Бразил: „Моето омилено место е островот Ilha Grande, див рај со 15-метарски в... „По неколку години живот во Бразил точно знам кое е моето омилено место... Стану...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg