Марко Илиески за Грузија: „Карта за јавен превоз е 9 денари, не би живеел таму заради менталитетот на луѓето“

Марко Илиески (20) од Прилеп, студент на Градежен факултет во Скопје, каде што и живее е уште еден авантурист кој секој момент сака да патува и целиот свој живот е поврзан со различни спортови, а најмногу се има задржано на одбојка и кошарка.

marko-ilieski-dokolku-sakate-sirenje-crkvi-i-ludi-vozaci-togash-gruzija-e-sovrseno-mesti-za-vas-01.jpg

Кога има слободно време често прави тури со велосипед и планинари. Тоа му било неоткриено хоби коешто произлегло од неговата желба за шетање и истражување, но бил ограничен од пандемијата.

Смета дека секој човек е роден истражувач и секој од нас пробува да си ја задоволи таа потреба на различни начини.

Марко неодамна се врати од Грузија, а во продолжение за CRNOBELO.com ја раскажува својата приказна...

„Иако Грузија не е многу популарна дестинација за туристи, од мое лично искуство дури и во не толку популарните земји има многу места коишто се интересни за посетување.

Секоја држава ти дава уникатно искуство и ти го проширува твоето знаење и размислување со тоа што запознаваш нова култура, нови луѓе и ти се прошируваат видиците за светот.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 9

Јас на ова патување заминав преку Еразмус+ програмата па морам да признаам, искрено доколку би шетал сам, мислам дека Грузија не би била една од моите дестинации.

Но токму поради оваа причина, бев уште повеќе возбуден за патувањето бидејќи бев во држава каде што претходно не би помислил да одам.

Покрај сето ова сакав да ја разбијам монотонијата од секојдневниот живот и сакав да ја заситам мојата желба за истражување“, раскажува Марко.

Поради тоа што бил преку Еразмус+ програмата, неговите очекувања биле дека ќе стекне многу нови пријатели и контакти од различни држави од Европа и дека ќе научи и размени искуства со секој од нив.

Не може да се изостави ниту фактот што Марко сака да посетува нови места и бил возбуден што ќе има можност со свои очи да ги види попознатите места во Грузија.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 7

„Првите впечатоци по слетување беа од аеродромот. Прво нешто што забележав е дека е помал дури и од аеродромот во Скопје и помалку среден.

Нешто што ме изненади на почетокот е тоа што картата на градскиот превоз, без разлика дали сте во метро или автобус чини 0.5 лари коешто е 9 денари.

Друго нешто беше огромниот број на цркви коишто ги има во Тбилиси. Нешто што најмногу пријатно ме изненади е тоа што иако не се добро развиена земја во споредба со европските земји, се возат многу електрични коли“, споделува Марко за првите импресии од Грузија.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 14

Пред да замине немал размислувано за тоа какви би можеле да бидат луѓето, зашто не бил запознаен со нивната култура и начин на живот.

Нешто што многу го изненадило е нивната азбука којашто е една од најстарите во светот и е многу уникатна. Тие се на граница помеѓу Европа и Азија и имаат карактеристики од двете страни.

BeFunky collage 19

„Најголемиот дел од времето го поминавме во градот Бакуриани којшто е ски ресорт. Не можевме да го видиме во целосно издание бидејќи немаше снег и бевме надвор од сезона.

Исто така бевме во Борџоми. Тоа е мал град којшто има голем парк и неколку објекти со интересна архитектура и има термални сулфурни базени во коишто имав прилика да влезам.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 10

Во периодот во којшто бевме во Тбилиси, ги прошетавме најзначајните места како што се попознатите цркви, мостот на мирот којшто е вистинска атракција во вечерните часови, Нарикала замокот, стадионот на Динамо Тбилиси и плоштадот на слободата.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 12

Исто така го начекавме градот во новогодишно издание со голем број на украси. Забавниот парк којшто се наоѓа над градот е исто така нешто што треба да се посети.

Доколку имате прилика би ви препорачал да одите со жичница до него и да уживате во погледот“, се надоврзува Марко.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 3

Најтешко се разделил од новите пријатели што ги стекнал таму, евтиниот градски превоз и качапурито.

Во глобала не му се допаѓало тоа што градовите не се многу организирани и начинот на живот на луѓето, а дел од храната им била многу зачинета.

„Јас не би живеел таму. Иако е одлично за да се прошета, Тбилиси не е толку среден град за мој вкус. Најголемата пречка би ми било тоа што не се пронаоѓам помеѓу тие луѓе бидејќи имаме сосема различен менталитет.

Исто така нешто што мене лично ми пречи иако има одличен градски превоз е тоа што нема велосипедски патеки и пешачките патеки се обично тесни и премините за улица се подземни и се прилично раздалечени“, додава Марко.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 1

Марко вели дека поради тоа што биле под Советскиот сојуз, повеќето луѓе зборуваат руски отколку англиски, посебно постарите генерации.

Имаат и уникатна култура и повеќе му наликуваат на Азијци отколку на Европејци. Нешто што мора да се спомене е тоа што луѓето што ги запознал таму се весели, консумираат многу алкохол и возат како да нема никакви знаци на патот.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 4

„Секогаш кога одам во други држави сакам да ја пробам нивната храна. Пробавме повеќе јадења и можам да кажам дека користат голем број на зачини коишто кај нас не се користат.

Нешто што ми остави најголем впечаток се кхинкали (khinkali) коешто е тесто во форма на торбичка за злато полнето со месо и кромид. А моето омилено нешто е качапурито (khachapuri) коешто е како тесто од пица полнето со сирење.

Почнав да се сомневам дека луѓето во Грузија имаат некоја опсесија со сирење, а откако го пробав ова можам и да сфатам зошто. Иако не сум голем љубител на алкохол пробав чача (Chacha) коешто е слично на нашата ракија“, завршува со раскажувањето.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 6

Како за крај Марко вели дека сите они кои сакаат сирење, цркви и луди возачи - тогаш Грузија е совршено место за нив.

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 5

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 2

marko ilieski dokolku sakate sirenje crkvi i ludi vozaci togash gruzija e sovrseno mesti za vas 11

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емилија за животот во Дубаи: „Тие се светлосни години пред нас, но пензија би сакала да дочекам во О... „Дубаи го препорачувам како дестинација за одмор во есен и пролет, на лето темпе...
Ели Секуловска: „Се преселив на Занзибар за да отворам свој хотел и сакам да вработам локалци за да ... „Често локалците таму ми велат „Вие од Европа можеби имате пари, но не сте среќн...
Кика од Скопје за престојот во Куба: „Локалците се намачени, платите се прениски, но Хавана има душа... „Платите се екстремно мали, а и кога имаат малку пари за да си дозволат храна, с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg