Никола Атанасов: „Јас сум фриленсер, со другари се преселив на Бали, работам од плажа на зајдисонце“

„Често работиме од плажа, најчесто на зајдисонце, бидејќи најчесто работниот ден ни почнува попладне. Утрата ги користиме за да одиме на часови за сурфање, плажа, истражување на островот... Ми се допаѓа тоа што тука луѓето, за разлика од Западот, помалку обрнуваат внимание на материјалните работи, а повеќе на духовните вредности“, споделува Никола Атанасов (34) oд Скопје за CRNOBELO.com и открива како е да се води живот на дигитален номад и кој му е најголемиот проблем.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-01.jpg

Никола Атанасов (34) oд Скопје, се занимава со дигитален маркетинг и работи како менаџер за продажба, но сето тоа се одвива онлајн и тој во последно време живее и функционира како дигитален номад.

Во моментов Никола живее и работи на Бали.

Има студирано во Италија и таму живеел околу 6 години, но моментално вели дека Бали е неговиот рај.

За CRNOBELO.com споделува како му изгледа секојдневието на Бали:

Колку години живееш надвор од Македонија? Во кои земји си живеел досега и сега зошто токму Бали?

Ние сме друштво фриленсери и идејата за преселба на Бали ја добивме уште во мај, затоа што се спремаше најлошата зима во Европа уште од Втората светска војна.

Ова ми е првпат во Азија, тука ги посетивме Сингапур, Куала Лумпур, а стационирани сме на Бали.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-19.jpg

Од каде оваа идеја за живот во куфери?

Кога за работа ти е доволен компјутер и интернет, овој тип на идеи произлегуваат сами од себе.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-31.jpg

Дали се случува некогаш кариерата да ти трпи поради технички проблеми како доцнење на авион, проблем со лет, лоша конекција на интернет?

Многу многу ретко, ова го работиме долго време и доста сме патувале, па искуството помага да ги избегнеме тие непријатни ситуации.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-21.jpg

Со што поточно се занимаваш и кои се предностите на тоа да се биде фриленсер?

Најчесто сум на повеќе проекти, немам работно време и тоа е многу битно поради тоа што живеам во временска зона многу поразлична од таа на клиентите.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-10.jpg

Првиот и примарен проект на кој работам е во областа на дигитален маркетинг, а вториот е бизнис девелопмент.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-24.jpg

Како ти изгледа еден работен ден на Бали? Работиш ли од плажа?

Да, се случува да работиме од плажа најчесто на зајдисонце, бидејќи најчесто работниот ден ни почнува попладне.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-20.jpg

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-001.jpg

Утрата ги користиме за да одиме на часови за сурфање, плажа, истражување на островот...

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-26.jpg

Но, и кои се негативните страни...

Од малкуте негативни страни би издвоил влагата во воздухот и синхронизирањето со временската зона со клиенти од Европа и САД.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-05.jpg

Се води ли луксузен стил на живот?

Не, воопшто. Тука луѓето, за разлика од Западот, помалку обрнуваат внимание на материјалните работи, а повеќе на духовните вредности.

Но, Бали како најпосетено туристичко место во регионот, има активности и локали за сечиј џеб.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-23.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола Тефов, од Неготино се пресели во САД: „Во Њу Џерси има многу Македонци, на одмор одам на Флор... „Во Њу Џерси дефинитивно имаме една од поголемите македонски заедници во САД, но...
Софија и Јаков Спасов за медениот месец во Исланд: „Пејзажите беа како од друга планета, ни фалеше у... „Ние отидовме во ’летна‘ сезона, тоа значи 10-15 степени со постојан в...
Бранко Илиески живее во Австралија: „Работам во пошта, а за време на викенди како шанкер - сакам да ... На свои 20 години, поминувајќи низ Широк Сокак Бранко мечтаел еден ден да ги пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg