Македонците Митре и Катерина имаат пекарница во Сингапур: „Само 1% од гостите се Балканци, освен печиво служиме и ајвар и лутеница“

Кои производи се најбарани во вашата пекарница? Што е она по што сте препознатливи?

Ние имаме одличен избор на пекарски работи правени по домашни рецепти, имаме домашни благи работи, правиме свој јогурт, имаме одлично кафе и пијалоци, имаме ајвар, лутеница итн.

Препознатливи сме по уникатните производи и уникатниот имиџ „Yugoslavia“.

Најмногу коментирани се бурек, баклава, јогурт, погача…

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-16.jpg

Дали често имате гости од Балканот и како реагираат кога ќе видат дека дури во Сингапур може да ја најдат храната на која се навикнати дома?

По некој гостин од Балканот имаме скоро секојдневно (некои кои живеат тука или туристи во поминување), но се помалку од 1% од вкупниот број на гости.

Реагираат со неверување, коментари дека имаме фантастични производи кои се исти или подобри оттаму, ова има ист вкус како од баба ми (никој не рекол до сега како на мајка ми, ха, ха, ха), некои евоцираат спомени на минатото и секако сите се сликаат.

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-07.jpg

Колку на локалците им се допаѓаат балканските печива?

Локалците гледаат љубопитно, но, штом пробаат стануваат редовни муштерии, носат пријатели кај нас или им носат наши производи да се пофалат што откриле.

Сингапурците се опседнати со храна и никој не готви дома. Сингапур е во топ три градови во светот по најголем избор на храна - избран е за „Food capital of the world, drawing tourists and locals alike“.

Има најголем избор во светот на храна на Food Courts кои се заштитени од УНЕСКО, а исто така секогаш е во врвот на градови со најексклузивни (најдобри) ресторани во светот.

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-13.jpg

Дали постојат некои производи што муштериите ги бараат, но не сте во можност да ги произведете, зошто?

Локалците не знаат што би барале, но ние произведуваме 15 - 20% од она што знаеме.

Во преговори сме за отворање на трет локал и централна кујна со што ќе го поедноставиме и убрзаме производството и ќе воведеме нови производи.

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-09.jpg

Кога ви почнува работниот ден, во колку часот започнувате со производство?

Имаме околу 15 вработени и отворени сме секој ден од 9-21 часот.

Нас може цел ден да ни биде слободен, а може и да работиме 15 часа. Викендот ни е предвиден за време со семејството доколку Митре е во Сингапур.

Митре лета по цел свет и ги врши административните работи каде и да е, а во Сингапур помага што треба додека јас сум секојдневно присутна и ги вршам сите набавки, надзор на вработени, воведување на нови производи итн.

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-10.jpg

Постои ли нешто што ви недостига од Македонија и дали некогаш сте помислиле да се вратите назад?

Од Македонија ни недостигаат фамилиите (доаѓаме 1-2 пати годишно), а не сме ни помислиле да се вратиме во Македонија да живееме.

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-08.jpg

Прочитајте и Стојана Поповска живее во Сингапур: „Забрането е да се џвакаат мастики, си купувам бурек од пекарница на Македонец“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бајковитата свадба во родното Берово на Катерина со Захер од Либан - матично во природа, раскошна ве... Катерина Пипонска, наша некогашна стјуардеса, вели дека во родното Берово ја има...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Ивана од Берово е мајка на 4 момчиња: „Моја желба беше јас да се грижам за нив, избегнуваме штетни с... „Имаме спори утра, нема брзање за одење некаде. Од мали ги поттикнувам самостојн...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...

Најчитани неделава