Македонците Митре и Катерина имаат пекарница во Сингапур: „Само 1% од гостите се Балканци, освен печиво служиме и ајвар и лутеница“

„Пекарница со производи како нашите не постои во цела Азија, а со комплет производи како нашата нема ниту на Балканот. Локалците гледаат љубопитно, но, штом пробаат стануваат редовни муштерии“ – вели за CRNOBELO.com Катерина Цветковиќ која заедно со сопругот Митре Крајоски во Сингапур има своја пекарница што го носи името „Yugoslavia“.

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-01.jpg

Мите Крајоски (54) по потекло е од Прилеп, но долги години работи како пилот на Боинг 777 во Singapore Airlines, а тој и неговата сопруга Катерина Цветковиќ (40), која по потекло е од Скопје, веќе 8 години се во брак и заедно имаат две деца Анастасиа (6) и Симон (5).

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-11.jpg

Во моментов само Катерина е македонски државјанин, а Мите и децата се државјани на Сингапур, но посебно е интересна нивната приказна за тоа како дошле до идеја да отворат бизнис којшто е уникатен во Азија, a во поглед на производите што ги нуди, можеби и на Балканот.

Тие двајца имаат своја пекарница во Сингапур и на балканските гости им нудат можност да ги вкусат специјалитетите што ги потсетуваат на родниот крај, а на своите азиски гости им нудат можност да пробаат некои од најубавите македонски и балкански специјалитети.

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-02_copy.jpg

Гостите што доаѓаат во нивната пекарница која симболично го носи името „Yugoslavia“ имаат можност да пробаат бурек, домашно подготвен јогурт, баклава и други благи специјалитети, но и ајвар и лутеница.

Во интервју за CRNOBELO.com Катерина ја споделува својата приказна за тоа како се преселиле во Сингапур и како дошле до идеја да започнат свој бизнис таму.

Кога се преселивте во Сингапур и колку време живеете таму?

Митре е во Сингапур повеќе од 18 години и цело време работи како пилот, а јас сум таму 7 и пол години. Децата се родени во Сингапур.

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-03_copy.jpg

Како дојдовте до идеја да отворите своја пекарница во Сингапур?

Пекарството отсекогаш ни било слабост, а сите локални пријатели отсекогаш ги обожавале нашите домашни производи.

За време на пандемијата Митре леташе многу малку па така и се створи можност (многу слободно време) да го започнеме бизнисот.

Пекара со производи како нашите не постои во цела Азија, а со комплет производи, како нашата, нема ниту на Балканот.

Дали постапката за започнување свој бизнис е тешка таму? Кои беа најголемите предизвици со коишто се соочивте?

Постапката е најлесниот дел доколку се има концепт и секако, финансии, затоа што Сингапур е отсекогаш во најскапите 3 града во светот.

Најголем предивик е работната сила која е огромна препрека за ширењето на нашиот бизнис.

makedoncite-mitre-i-katerina-imaat-pekarnica-vo-singapur-samo-1-od-gostite-se-balkanci-osven-pechivo-sluzhime-i-ajvar-i-lutenica-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бајковитата свадба во родното Берово на Катерина со Захер од Либан - матично во природа, раскошна ве... Катерина Пипонска, наша некогашна стјуардеса, вели дека во родното Берово ја има...
Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Ивана од Берово е мајка на 4 момчиња: „Моја желба беше јас да се грижам за нив, избегнуваме штетни с... „Имаме спори утра, нема брзање за одење некаде. Од мали ги поттикнувам самостојн...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...

Најчитани неделава