Рената - наша инспиративна урбана дама на која велосипедот ѝ е заштитен знак (фото)

„Возам велосипед и на 40 степени во лето и на 3 степени зиме. Толку многу ме поврзуваат со тоа што понекогаш кога поминувам некој ќе ja потпевне песната: „Девојката со точакот“. И велосипедот не ме спречува да ги носам своите најубави фустани и високи црвени потпетици“, вели инспиративната Рената Трајчевска (50) за CRNOBELO.com.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-01.jpg

Рената Трајчевска (50) по професија филолог по македонски јазик и јужнословенски јазици и италијанист, сопруга и мајка на два сина е вистинска инспиративна урбана дама, која речиси 365 дена во годината може да ја видите на велосипед.

Таа слуша италијанска музика и вели дека сака нејзиниот живот да наликува на италијанска бајка.

Главното мото ѝ е секој ден задолжително барем малку да повози велосипед, а велосипедот како превозно средство не ја спречува да ги носи своите најубави фустани и препознатливи црвени високи потпетици.

За љубовта кон велосипедот, Рената говори за CRNOBELO.com:

„Пред повеќе од 40 години сестра ми ме научи да управувам со велосипед. Поточно бев второ одделение, а локацијата беше блискиот паркинг во центарот на Скопје, каде што живеевме.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-11.jpg

Бев пресреќна и оттогаш следуваа многу рани од паѓања по колената и лактите, но тоа не ме поколеба да научам добро да се снаоѓам на велосипедот.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-12.jpg

Првиот велосипед што сама си го купив беше „маунтин бајк“ во далечната 1991, кога се вратив од студискиот престој во Италија. Всушност од заштедените непотрошени пари јас си инвестирав во мојот прв велосипед.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-23.jpg

Најчесто го возев на кратки релации низ градот, претежно од дома до факултет, а со оглед на фактот што живеев во строг центар, тоа и не беше некоја долга релација.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-15.jpg

Кога се запознав со мојот сопруг, релацијата за возење ми стана малку подолга и така велосипедот ми служеше како превозно средство за одење кај него и назад дома.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-13.jpg

Тогаш немаше многу сообраќаен метеж и успевав цела Партизанска да ја поминам за петнаесетина минути.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-14.jpg

Секогаш сум сакала брзо да возам, но работите се сменија и јас си го сменив и велосипедот, па така пред повеќе од 15-тина години си го користам мојот дамски велосипед.

renata-nasha-inspirativna-urbana-dama-na-koja-velosipedot-i-e-zashtiten-znak-foto-26.jpg

Продолжува на следната страница....



Би можело да ве интересира:

Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Успешни Македонци низ светот: Сестрите Анастасја и Елизабета од Скопје 12 години водат свој моден бр... „Нашата сегашна колекција е Phoenix и затоа Лила беше очигледен избор. Таа е еди...
Симона Петреска, мотиватор и животен тренер: „На минатото треба да гледаме како на учител, а во живо... „Во еден период мислев дека постојам само за да ги задоволам луѓето кои беа прис...
Браво! Стефани од Гостивар креира уметнички ремек-дела со кафе (фото) Дали знаевте дека со помош на кафе можете да нацртате вистински ремек уметнички ...
Запознајте ја Андријана Илиоска - една од најубавите Македонки, која нè прави горди пред светот (фот... „Првата фотосесија беше на мои 14 години. Тогаш првпат бев на кастинг и бев одбр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg