Столе Јовановски за сезонската работа во Дубровник: „Во Хрватска нè ценат, во мојот ресторан 9 од 11 вработени се Македонци“

Колку се ценети македонските работници? Како ве третираат? Запозна ли други Македонци што се дојдени да работат таму?

Локалното население и работодавците доста позитивно зборуваат за работното искуство со Македонците.

За нас велат дека сме вредни работници, скромни, кои разбираат многу јазици, што е многу важно за работа во угостителството.

Буквално само позитивни коментари се слушаат за нас.

Во Дубровник има голем број Македонци, се запознаваме, има и дружење, колку што го дозволува тоа работата во смени.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-10.jpg

Зошто ја избра Хрватска? Можеш ли да ја споредиш со другите места на кои што си работел?

Изборот за работа во Хрватска во мојот случај беше изненадувачка.

Штотуку се вратив во Македонија и веќе подготвував документација за нова авантура - работа во Шпанија.

Понудата за работа во Хрватска беше подобра, со повисока плата, обезбедено сместување каде што не плаќаме сметки, 8-часовна работна смена, обезбеден оброк на работа.

Разбирање на локалниот јазик, близината до Македонија и позитивните искуства на мои пријатели од минатите летни сезони исто имаше огромно влијание да одлучам да заминам токму во Хрватска.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-13.jpg

А каков е животот таму? Имаш ли време за шетање и забава?

Во Дубровник, како и во останатите туристички места, има доста забава, со барови, ноќни клубови, забави на плажа и слично.

Секој слободен момент се користи за забава и опуштање, а на работа се оди со подготвена торбичка за на плажа, каде се упатуваме по завршувањето на дневната работна смена.

Има и дружење во локалните кафе барови и слично.

Негативна работа која мора да ја нагласам е дека Дубровник е многу скап град.

Цените во баровите, клубовите и рестораните се меѓу највисоките во Европа. Меѓутоа веќе знаеме каде да одиме, кои места да ги одбегнуваме.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-09.jpg

Би се вратил ли и догодина на работа во Дубровник?

За повторно враќање во Хрватска сè уште немам одлучено.

Постои можност да останам тука постојано, да не се враќам во Македонија.

Но тоа ќе биде одлука која ќе ја носам од септември, кога ќе почне да привршува туристичката сезона.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. J. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Отец Душко Пецов е на служба во Германија: „Има сè повеќе крштевки и венчавки, Македонците се сплоту... „Во Црквата во Дортмунд доаѓаат голем број Македонци и тоа особено за големите п...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Данче Антовска: „Најголемиот шок ни беше кога докторката ни соопшти дека ќерка ни Анастасија има цис... „Анастасија растеше и напредуваше нормално. Еден месец пред да ја дијагностицира...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg