Столе Јовановски за сезонската работа во Дубровник: „Во Хрватска нè ценат, во мојот ресторан 9 од 11 вработени се Македонци“

„Локалното население и работодавците доста позитивно зборуваат за работното искуство со Македонците. За нас велат дека сме вредни работници, скромни, кои разбираат многу јазици, што е многу важно за работа во угостителството. Доказ за тоа е и што работам во ресторан во кој од вкупно 11 вработени, 9 сме Македонци“, вели Столе Јовановски за CRNOBELO.com за работното искуство во Хрватска и открива како оди средување на документација и со колку Македонци отпатувал таму.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-01.jpg

Столе Јовановски е Македонец кој работи во ресторан во стариот град во Дубровник. Сезонската работа во Хрватска му се случила непланирано, во време кога се подготвувал да замине во Шпанија.

Но, по три месеци на Јадранското приморје, вели дека донел вистинска одлука да замине таму.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-11.jpg

Столе не крие дека е позитивно изненаден од реакциите на хрватските угостители, од кои често слуша дека Македонците се вредни работници, па затоа и ги ангажираат за своите локали.

Доказ за ова е и што во ресторанот во кој работи тој, 9 од 11 работници се од Македонија.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-02.jpg

За своите искуства и првите впечатоци во Хрватска, Столе раскажува во разговор за CRNOBELO.com:

Колку долго си во Хрватска? Какви се првите впечатоци?

Во Хрватска сум веќе трети месец. Дојдовме првата недела од април, полн автобус работници заминавме од Скопје.

Првите впечатоци беа прекрасни - сончево време покрај море, а помеѓу локалното население се чувствував како дома.

Сè е некако познато, без јазична бариера во комуникацијата.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-05.jpg

Што и каде работиш? Дали доби лесно работна дозвола или процедурата одеше полека?

Работам во Дубровник, во стариот град, на поранешната тврдина, која е центар на туризмот тука.

Работам во ресторан во кој од вкупно 11 вработени, 9 сме Македонци.

Работната дозвола се добива прилично брзо, а цела постапка трае помалку од 40 дена од апликација за работа која ја поднесува работодавецот до издавањето на документите во локалната полициска станица.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-04.jpg

Како се снајде за работа – имаше однапред договорено или бараше таму?

За работата сè беше однапред подготвено - сместувањето, почетниот датум за работа.

Работодавецот ни обезбеди работни договори и сместување на сите уште пред да пристигнеме.

Вообичаено сите доаѓаат тука со однапред најдена работа, бидејќи граничната контрола на Хрватска бара договор за работа за да ти дозволат влез во земјата.

stole-jovanovski-za-sezonskata-rabota-vo-dubrovnik-vo-hrvatska-ne-cenat-vo-mojot-restoran-9-od-11-vraboteni-se-makedonci-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Розета од Скопје, мајка на Атанасиа (2): „Ќерка ми се роди со криви стапала, ѝ беа гипсирани до преп... „Атанасиа се роди со криви стапала, доби дијагноза Еквиноварус Талипес на д...
Наталија Данаилова за родниот град: „Во Богданци зад куќата имам рид, се будам со песната на птиците... „Прва асоцијација кога се говори за моето родно Богданци е природата т.е ридот, ...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...
Аспен (26) од Аризона се пресели во Македонија: „Јазикот го научив сама, тука го најдов својот мир“ „Готвам македонски јадења барем трипати неделно, постојано пробувам нови рецепти...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...

Најчитани неделава