Наташа Колевска: „Добив дијагноза рак на јајници на 35 години, немав симптоми, ја издржав терапијата поради моите две деца“

„Без никакви други симптоми појдов на обичен гинеколошки преглед и дознав за туморот кој се виде на обично ехо. По извршената втора операција се виде дека станува збир за малигна неоплазма на овариум или карцином на лев јајник, а после тоа следуваше консултација за хемотерапија. Но, издржав сè со помош на сопругот и сестра ми“, споделува Наташа Колевска (35) oд Прилеп за CRNOBELO.com.

natasha-kolevska-dobiv-dijagnoza-rak-na-jajnici-na-35-godini-nemav-simptomi-ja-izdrzhav-terapijata-poradi-moite-dve-deca-01.jpg

Наташа Колевска (35) oд Прилеп, дипломиран економист и мајка на две малолетни деца, на 35 години се соочила со дијагнозата рак на јајници.

За тешкотиите во процесот, но и како се изборила со оваа сериозна ситуација, таа проговори за CRNOBELO.com.

Сака да ги охрабри и другите жените кои минуваат низ истото, но и да испрати апел до жените да прават редовни контроли затоа што ракот на јајници може и да нема никакви симптоми.

Наташа за CRNOBELO.com ја споделува својата приказна:

На колку години ја доби дијагнозата карцином на јајник?

Најпрво добив дијагноза дека имам тумор на десен јајник, но по направената операција се увиде дека станува збор за нешто друго, односно за граничен тумор – половина бениген, половина малиген, а потоа следуваше уште една операција на која се увиде дека станува збор за карцином на лев јајник.

natasha-kolevska-dobiv-dijagnoza-rak-na-jajnici-na-35-godini-nemav-simptomi-ja-izdrzhav-terapijata-poradi-moite-dve-deca-04.jpg

Дијагнозата ја дозна на 35 години... Како се справи со шокот?

Шокот беше многу голем, ми требаа неколку часа за да се навикнам по првиот шок кога дознав дека имам граничен тумор – половина бениген, половина малиген. По направената втора операција следеше нов шок, поголем од првиот пат, и овојпат ја добив дијагнозата дека станува збор за карцином на лев јајник.

Свесна за ситуацијата, се прибрав, се помирив со фактот и се консултирав за терапија.

Имаше ли некакви симптоми?

Ако се смета за симптом, тогаш кога ќе добиев циклус имав мала болка во коленото од десната нога, но тоа не го сметав како нешто страшно и го игнорирав.

Без никакви други симптоми појдов на обичен гинеколошки преглед и дознав за туморот кој се виде на обично ехо.

Што направи прво?

Најпрво, како што спомнав и погоре, по откривањето на туморот на десен јајник следуваше операција. Тоа беше првата операција, а откако ги добив резултатите видовме дека станува збор за граничен тумор (borderline) и беше предложено да се направи и втора операција за да се отстранат матката и левиот јајник.

По извршената втора операција се виде дека станува збир за малигна неоплазма на овариум или карцином на лев јајник, а после тоа следуваше консултација за хемотерапија.

natasha-kolevska-dobiv-dijagnoza-rak-na-jajnici-na-35-godini-nemav-simptomi-ja-izdrzhav-terapijata-poradi-moite-dve-deca-05.jpg

Како изгледаше процесот на планирање на лекувањето?

Процесот не траеше многу долго. Најпрвин се планираше една операција, а за неполн месец следуваше и втората операција.

По завршувањето на втората операција, по еден месец додека закрепнуваше организмот од втората операција, се исконсултирав со онколог и ми кажа што треба да се направи, па направив тумор маркери, компјутерска томографија и потоа почнав со 4 хемотерапии.

Кој ти беше најголема поддршка и без кого не би го издржала целиот овој процес?

Најголемата поддршка беше моето семејство, кое доста стресно ја прифати ситуацијата, исто така и мојот сопруг кој беше со мене во целиот овој процес од кого добивав поддршка и, се разбира, мора да ја спомнам и мојата сестра, која исто така беше со мене за да ми помогне во извршување на некои секојдневни обврски.

Како реагираа пријателите кога им ја кажа дијагнозата?

Мал круг на пријатели знаеја за мојата ситуација и беа шокирани од дијагнозата.

Дел од нив ретко ме контактираа или не ме ни контактираа бидејќи како што велат, сега немале зборови и не знаеле како да ми дадат поддршка.

natasha-kolevska-dobiv-dijagnoza-rak-na-jajnici-na-35-godini-nemav-simptomi-ja-izdrzhav-terapijata-poradi-moite-dve-deca-02_copy_copy.jpg

Како ѝ пристапи на ситуацијата?

На ситуацијата и пристапив доста свесно. По неколкучасовните шокови од резултатите по двете операции свесно застанав на нозе и решив дека ова мора да го поминам и да излезам посилна, дека мој спас е хемотерапијата и цврсто решив дека ќе ги примам сите дози кои се предложени и дека ќе се излечам.

Што значи да се прима хемотерапија?

Хемотерапијата самата по себе звучи како страшен збор. Да, таа значи и некои тешкотии за лицата кои ја примаат хемотерапијата, значи болки во зглобови, мачнина, повраќање, немање енергија, а значи и губење на косата...

Но, јас ја гледав како еден начин за доизлекување и спас.

Имаше ли негативни ефекти, како се справи со истите?

Моите негативни ефекти од хемотерапијата беа првите 3 дена, ако може да се каже негативни ефекти, затоа што имав само губење на енергија и малаксаност.

Првите три дена повеќе мирував, повеќе одморав, а исто да не изоставам пиев и соодветна терапија, односно таблети кои се примаат по примената хемотерапија.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...
Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ... „Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мост...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Љубовната приказна на Јоце Панов и Марина: „Ја забележав на мој настап, ме освои со скромноста и нен... „Долги години сме заедно, малтене од деца. Марина ме познава многу добро и точно...

Најчитани неделава