Маријана од Велес: „Син ми Дариан (7) е роден со половина срце – по 3 операции денес е активно момче и живее делумно нормален живот“

Колку често треба да одите на контроли?

Бидејќи веќе состојбата му е постабилна, на контроли не мораме да одиме многу често, туку на секои 9 месеци.

Требаше време да стигнеме до овде и сум многу горда на него, тој навистина е херој во реалниот живот.

majrijana-od-veles-mojot-sin-darian-7-e-roden-so-polovina-srce-po-3-operacii-denes-e-aktivno-momche-i-zhivee-delumno-normalen-zhivot-17.jpg

Во повеќе пригоди сте кажале дека заради состојбата на Дариан не сте можеле да го доите, но сте измолзувале мајчино млеко и сте го хранеле со шишенце... Може ли да ни појасните зошто се одлучивте на таков начин на исхрана?

Имав преголема желба да го дојам, но уште од старт докторите ми кажаа дека за жал неколку недели нема шанси ниту да пробам да го дојам.

Но, млекото ми надојде, имав страшни болки во градите и морав да почнам да се одмолзувам за првично да го решам проблемот со градите.

Потоа решив дека сѐ додека имам млеко ќе се одмолзувам бидејќи бев свесна која предност беше тоа за Дариан.

По неколку дена одмолзување, имав доволно млеко за Дариан да биде само на мајчино млеко, нешто што во сета болка и стрес ме правеше многу среќна и горда.

Ми дадоа шанса да го дојам по неколку недели, но беше безуспешно. За него беше преголем замор да цица и наместо да качува килажа тој слабееше.

Докторите рекоа дека сепак доењето не е опција и ако сакам можам да продолжам со измолзување.

Се одмолзував дење и ноќе. Нажалост тоа траеше само 2 и пол месеци и млекото ми секна, најверојатно од доживеаниот стрес кој подоцна испливал на површина.

majrijana-od-veles-mojot-sin-darian-7-e-roden-so-polovina-srce-po-3-operacii-denes-e-aktivno-momche-i-zhivee-delumno-normalen-zhivot-26.jpg

Колку години има денес Дариан и како синдромот влијае врз неговиот секојдневен живот?

Дариан денес е активно, насмеано 7-годишно момче кое воедно од септември годинава ќе биде прваче.

Синдромот денес скоро и да не влијае на него, повеќе влијае на нас како родители и на нашата психа.

Дариан некако се навикна да живее со тоа, му имаме објаснето сѐ што се случуваше, често гледаме слики и видеа од периодот во болница и свесен е за сѐ што преживеал во овие 7 години.

Но, тој е силно момче и сигурна сум дека ќе има среќен и долг живот, исполнет со здравје и насмевки.

majrijana-od-veles-mojot-sin-darian-7-e-roden-so-polovina-srce-po-3-operacii-denes-e-aktivno-momche-i-zhivee-delumno-normalen-zhivot-23.jpg

Постојат ли некои активности и работи што на Дариан му се забранети?

Поради дијагнозата Дариан не смее да се занимава активно со спорт ниту да има некои високо адреналински активности.

Исто така пожелно е да не пуши и пие алкохол за што се надевам ќе успееме да му објасниме убаво и да нѐ сфати сериозно во неговите тинејџерски години, кои верувам дури да трепнеме ќе стигнат.

majrijana-od-veles-mojot-sin-darian-7-e-roden-so-polovina-srce-po-3-operacii-denes-e-aktivno-momche-i-zhivee-delumno-normalen-zhivot-28.jpg

Што би им порачале на мајките што се случуваат со ваков синдром кај нивните деца?

На сите родители што минуваат низ истото низ кое поминавме ние би им препорачала прво да веруваат со цело срце во нивните херои.

Децата поседуваат таква сила и таква волја за живот, што тие единствено што треба да направат е да ги поддржат и да веруваат во нив.

Знам дека во тие моменти се чувствуваат беспомошни, но на крај се ќе биде како што требало да биде. Само позитивни мисли ќе ги водат низ тие тешки моменти. Бог најтешките битки ги дава на најхрабрите.

majrijana-od-veles-mojot-sin-darian-7-e-roden-so-polovina-srce-po-3-operacii-denes-e-aktivno-momche-i-zhivee-delumno-normalen-zhivot-25.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg