Драгана од Скопје: „Имам над 1.000 барбики, омилената ја платив 400 евра, заради филмот Barbie интересот за куклите порасна“

Што мислиш за Барби манијата што го зафати целиот свет? Дали тоа влијаеше да се зголемат цените на куклите и дали се бараат повеќе кукли?

Барби манијата дефинитивно го раздвиќи пазарот и ги зголеми цените, но знам дека тоа минува брзо.

Лицата кои не се колекционери наеднаш после филмот на некој начин се втурнаа во купување кукли, но доколку се нема љубов, желба и знаење за собирање, меракот трае кратко.

Истиот случај беше и со кофичките за пуканки на премиерата. Се купуваа бидејки се популарни и кул во моментот, но сум сигурна дека меѓу нив немаше ниту еден колекционер.

Во моментов се бараат повеќе кукли дефинитивно. Морам да истакнам дека за жал цените во Македонија се 3 до 4 пати поскапи за истите кукли низ Европа.

Зборувам за кукли нови, моментално во продавница.

Ако во Германија или Италија една кукла чини 15-20 евра, во Македонија се продава дури и за 5.000 денари што по мое е претерано скапо.

Јас како колекционер не можам да си дозволам да купам од овде, а камо ли мајки кои сакаат да им купат на децата за играње.

dragana-od-skopje-imam-nad-1-000-barbiki-omilenata-ja-plativ-400-evra-zaradi-filmot-barbie-interesot-za-kuklite-porasna-09.jpg

Која е најбараната кукла во моментов?

Во моментов има премногу кукли кои се барани, особено после филмот.

Би рекла дека најбарани се куклите кои беа прикажани на филмот како „Totally Hair“, „Peaches n Cream“, „Roller Blade“ итн…

Истите кукли беа вклучени во мали инсерти во филмот па затоа популарноста им порасна.

dragana-od-skopje-imam-nad-1-000-barbiki-omilenata-ja-plativ-400-evra-zaradi-filmot-barbie-interesot-za-kuklite-porasna-13.jpg

Дали продаваш барбики кои ги имаш дупли или не ти требаат?

Да, продавам кукли кои не ми требаат повеќе.

Има огромен број мајки кои купуваат кукли за нивните ќерки од мене.

Сите кукли кои ги продавам се како нови и не поскапи од 500денари (со исклучок на некои ексклузивни).

Имам круг на постојани купувачи кои наместо да платат една барбика 4.000 денaри во продавница, одбираат да купат повеќе за помала сума од мене.

Куклите може да ги најдете кај мене на Инстаграм под името @draganasbarbies или на Фејсбук страната „Second Hand - Катче за Мајките“ каде постирам често огласи од мои барбики.

dragana-od-skopje-imam-nad-1-000-barbiki-omilenata-ja-plativ-400-evra-zaradi-filmot-barbie-interesot-za-kuklite-porasna-08_copy.jpg

Дали купуваш кукли од Македонија?

Верувале или не, за жал од Македонија имам земено многу малку барбики. Тоа било во неколку наврати пред 2 години скоро, оттогаш сум немала можност.

Има луѓе кои често ми нудат и ме прашуваат дали откупувам, но во моментот штом слушнат дека сум колекционер очекуваат дека ќе ги збогатам.

Реалноста не е секогаш таква бидејќи не секоја барбика вреди големи пари.

Има многу „стари“ барбики кои не може да се продадат за повеќе од едно евро. Главен фактор е незнаењето и желбата за заработка, па повеќето мислат дека поради тоа што сум колекционер ќе натплатам нешто.

Со исклучок на 2-3 девојчиња кои навистина сакале да се оттарасат од куклите и да си земат некој денар. Така што, си помогнавме меѓусебно.

За другите многу тешко. Имав случка каде едно девојче ми понуди барбики и вели, цитирам: „Ми стоеа долго време во подрум, имаше поплава, затоа се црни во лицето ама може да се средат…“ - што беше навистина смешно бидејќи бараше 2.000 денари од една кукла.

Нормално дека не ги купив, па еден совет најдобронамерен до сите е дека не вреди сѐ злато.

dragana-od-skopje-imam-nad-1-000-barbiki-omilenata-ja-plativ-400-evra-zaradi-filmot-barbie-interesot-za-kuklite-porasna-05_copy.jpg

За тоа како Драгана го започнала своето хоби и кои биле првите кукли што ги добила, прочитајте ТУКА.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мира од Битола рачно изработува кукли: „Главна инспирација ми е внуката Луна“ „Првата кукла ја сошив пред да се роди мојата внука Луна - ја шиев на машина, а ...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg