Ивана Кнез: „Време е да ги соблечеме хеланките и патиките, останавме заглавени во тој локдаун комфор“

„Мода најчесто значи финансии, мода значи фустани од 2.000 евра за секој ден, пантaлони од 900 евра… Тоа се суми со кои поголемиот дел од Македонците живеат по неколку месеци и немаат можност да се посветат на убави работи“ - вели дизајнерката Ивана Кнез, која по 5 години пауза се враќа на модната сцена со своја ревија на Скопскиот моден фестивал.

ivana-knez-vreme-e-da-se-trgneme-od-helanki-i-patiki-ostanavme-zaglaveni-vo-toj-lokdaun-komfor-01.jpg

Зошто толкава пауза, каква е состојбата на модната сцена во Македонија и малку повеќе околу модните трендови, Ивана Кнез говори во интервју за CRNOBELO.com...

Како е Ивана, што прави во последниов период? Ни се враќаш по 5 години пауза на Скопскиот моден фестивал, зошто токму тука?

Ивана е променета, најмногу заради самата себе. Променета околина, променети навики, но пред сѐ работев на себе и сѐ тоа што не ми се допаѓаше кај мене.

Пандемијата нѐ промени сите, а јас се обидов да ја искористам таа пауза од животот за да сфатам каде сум и што е тоа што ме тера да одам напред. Ми требаше време да се себеприфатам и да престанам да си докажувам и на себе и на сите околу мене која сум и зошто постојам. Затоа и го одбрав Скопскиот моден фестивал, за да ја вратам Ивана Кнез, за себе и за сите околу мене.

ivana-knez-vreme-e-da-se-trgneme-od-helanki-i-patiki-ostanavme-zaglaveni-vo-toj-lokdaun-komfor-04.jpg

Ми се случи класична клише модна приказна, почна да ме јаде кариерата. Одлуката да престанам ја донесов пред да ни се случи корона, претерав со сѐ, најмногу со личните животни избори.

Ми беше потребно да застанам, да се преслушам и да престанам да лутам во локални критериуми за среќа. Ми беше потребно јас сама да си ја создадам личната среќа и да ја тргнам работата од приватниот живот.

Каква е моменталната состојба на македонската модна сцена? Дали има доволно дизајнери, потенцијал и квалитетна понуда? Што би требало да се подобри гледано од твој аспект?

Уфффф мора да кажам? Балканизирана, масата ја прати локалната задругарска естетика и некако сѐ повеќе и повеќе се пропагира некаква естетика на ултимативен кич.

Ми недостасува времето на индивидуалност и отскокнување од масата, ми недостасува храброст да се облекуваме наместо да се разголуваме, и кога веќе ја имаме таа потреба за „бич плиз” естетика, барем нека е на нивото на индивидуата, а не масата.

Притоа, недостасува фокус на нега и здравје, имаме некој бран на летаргија која ги голта жените и сопственото јас е во втор план. Тука нема простор за мода.

ivana-knez-vreme-e-da-se-trgneme-od-helanki-i-patiki-ostanavme-zaglaveni-vo-toj-lokdaun-komfor-02.jpg

Како Скопје би можело да стане модна метропола?

Така што ќе се промени целата политичка клима која владее последните 30 години. Сѐ во оваа наша земја се врти околу политика, а сѐ повеќе се укинува раст и развој на општеството.

Проблемот е поголем од мода, посилен од тренд, губиме идентитет, основа и причина за живот.

За да постои нешто толку убаво како што е модата, треба да постои здрав и стабилен финансиски систем, општество во кое нема да се бориме за подобро здравство, на пример, туку ќе живееме во услови кои не нѐ оптоваруваат во правец на преживување, ќе ни остават простор вистински да живееме. Тогаш и само тогаш може да зборуваме за мода.

ivana-knez-vreme-e-da-se-trgneme-od-helanki-i-patiki-ostanavme-zaglaveni-vo-toj-lokdaun-komfor-03.jpg

Дали Македонците слепо следат модни трендови?

Македонците во моментов во поголем процентуален размер се во многу лоша финансиска состојба каде се обидуваат да спојат почеток и крај на месец. Не можеме веќе да не зборуваме за големиот розов слон во собата, тука е и сè повеќе расте и се дебелее.

Мода најчесто значи финансии, мода значи фустани од 2.000 евра за секој ден, пантолони од 900 евра… Тоа се суми кои поголемиот дел од Македонците ги живеат по неколку месеци. Поголемо е од нас во моментов, потребен ни е излез од моменталната состојба за да можеме да се посветиме на убавите работи во животот.

ivana-knez-vreme-e-da-se-trgneme-od-helanki-i-patiki-ostanavme-zaglaveni-vo-toj-lokdaun-komfor-01_copy.jpg

Може ли на кратко да ни ја прокоментираш уличната мода во Скопје?

Па, јас би сакала да се тргнеме веќе од хеланки и патики, помина локдоунот не знам зошто упорно останавме заглавени во тој непотребен наметнат комфор.

Постојат многу убави фустани за на работа кои во комбинација со рамни чевли и марама од секоја жена можат да направат вистинска дама, дури и од мене.

ivana-knez-vreme-e-da-se-trgneme-od-helanki-i-patiki-ostanavme-zaglaveni-vo-toj-lokdaun-komfor-05.jpg

Кои 3 модни трендови би ги издвоила за претстојната есен – зима сезона?

Самодоверба, Самокритичност, Само создадена Среќа.

Би можела ли да издвоиш најдобро облечени жени во Македонија?

Секоја една некоја на која не ѝ е страв да не отера нас дизајнерите кај што не треба затоа што ѝ наметнуваме да биде нешто што не сака да биде.

Секоја една која се грижи за себе, која се негува без разлика на условите во кои се наоѓа. Секоја една прекрасна жена која колку и да е падната на дното, ја држи главата горе и со насмевка оди напред затоа што знае дека ќе се извлече.

ivana-knez-vreme-e-da-se-trgneme-od-helanki-i-patiki-ostanavme-zaglaveni-vo-toj-lokdaun-komfor-06.jpg

На која светска модна недела би сакала да учествуваш?

На Скопскиот моден фестивал.

Ревијата на Ивана Кнез е во сабота (30.09.2023) во 19:30 часот -  во ноќниот клуб Pure. Ревијата е дел од програмата за Бела ноќ.

ivana-knez-vreme-e-da-se-trgneme-od-helanki-i-patiki-ostanavme-zaglaveni-vo-toj-lokdaun-komfor-08.jpg

Прочитајте и Програма за 19-та „Бела ноќ“ во Скопје

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg