Кристина Димитри за родното Тетово: „Во Лешок го наоѓам мирот, на Попова Шапка сакам да испијам чај на пролет“

„Името Тетово, според една народна легенда, е врзано со еден необичен настан. Во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите. Никој не се обидувал на страшната ѕверка да ѝ излезе на мегдан. Само некој Тето се покажал како храбар маж“, вели манекенката и пејачка Кристина Димитри во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.

kristina-dimitri-za-rodnoto-tetovo-vo-leshok-go-naogjam-mirot-na-popova-shapka-sakam-da-ispijam-chaj-na-prolet-01.jpg

Манекенката и пејачка Кристина Димитри е родена и живее во Тетово.

Таа со гордост често кажува дека потекнува од овој град во Западна Македонија и дека имала прекрасно детство, а сега тука расте и нејзиниот син Давид.

Кристина вели дека постојат три места кои ѝ се омилени во и околу Тетово, но има и интересна легенда за тоа како градот го добил своето име.

Дека Тетово е навистина прекрасен град, но и кои се местата и спомените кои најмногу ја врзуваат за него, таа раскажа за CRNOBELO.com:

„Мојот град Тетово е град со богата историја. Се наоѓа на падините на Шара, во долната Полошка Котлина.

Името Тетово, според една народна легенда, е врзано со еден необичен настан од времето на турското владеење. Имено, во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите.

Никој не се обидувал на страшната ѕверка да ѝ излезе на мегдан. Само некој Тето се покажал како храбар маж.

kristina-dimitri-za-rodnoto-tetovo-vo-leshok-go-naogjam-mirot-na-popova-shapka-sakam-da-ispijam-chaj-na-prolet-02.jpg

Наоружан со лак и стрела, со меч и штит, качен на својот брзоног коњ, тој се упатил кон местото каде што била змијата. Таа излегла пред него и му го попречила патот.

Тето не се исплашил. Го оптегнал лакот и со една стрела ја предизвикал ѕверката. Змијата почнала да испушта продорен глас и разлутена се упатила кон пленот. Но, Тето бил бестрашен.

Кога влекачот се доближил до него, тој замавнал со остриот меч и ја прободел змијата.

Луѓето биле ослободени од опасната ѕверка и престанале да се плашат. Преминот меѓу двата рида бил слободен и лесно прооден. Оттогаш, според легендата, местото каде што била убиена змијата со меч и штит (калкан), било наречено Калкандели, а градот (на турски) - Калканделен.

Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.

Според мене најубавиот дел на Тетово е Лешок. Место на мир, спокој и планински воздух. Мое омилено место е Лешочкиот манастир, кој е најголемиот духовен центар во тетовско. 

Тука се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од 19-тиот век.

kristina-dimitri-za-rodnoto-tetovo-vo-leshok-go-naogjam-mirot-na-popova-shapka-sakam-da-ispijam-chaj-na-prolet-03.jpg

kristina-dimitri-za-rodnoto-tetovo-vo-leshok-go-naogjam-mirot-na-popova-shapka-sakam-da-ispijam-chaj-na-prolet-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...

Најчитани неделава