Натали, археолог од Франција: „Македонците се многу гостопримливи, помалите градови ми се поубави од Скопје“

„Македонците генерално се со отворен ум и секогаш пријателски настроени, дури и постарите генерации кои не зборуваат странски јазици навистина се трудат да бидат гостопримливи со странците. Мислам дека македонската историја не е доволно претставена во светот“, вели археологот Натали од Франција за CRNOBELO.com.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-01.jpg

Натали дел Сокоро е археолог со француско и бразилско потекло, која ја избра Античка Македонија за тема на нејзините магистерски и докторски студии.

Првпат ја посетила Македонија во 2011 година како дел од тимот за археолошко ископување во Битола, а потоа уште неколкупати.

40-годишната Натали, која е родена во Рио де Жанерио, а во моментот живее и работи во мал француски град во шампањскиот регион, вели дека во Македонија ја воодушевиле природните пејсажи и гостопримливоста на Македонците.  На 18-годишна возраст, по живеење на различни локации низ светот, ја одбира Франција за свој дом каде студира археологија. Нејзиниот татко е Французин, а мајка ѝ од Баиа во Бразил.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-15.jpg

За CRNOBELO.com, Натали раскажува дека студирала археологија во Франција, а потоа за магистерските студии и докторската дисертација ја одбрала Античка Македонија како тема за истражување. Поради тоа ја посетила нашата држава, за која вели дека сè уште го нема доживеано својот потенцијал во однос на богатата историја и археологија.

Вели дека секој, барем еднаш во животот, мора да ги посети Хераклеа и Заливот на коските. А, од нашата кујна најмногу ѝ се допаѓаат полнетите пиперки и локалните слатки.

Прочитајте го интервјуто со Натали:

Колку пати ја имаш посетено Македонија?

Македонија ја имам посетено четирипати. Првиот пат jа посетив во 2011 година, како дел од археолошки тим на ископување.

Потоа, во 2015 година бев на одмор во Македонија, а минатата година ја посетив двапати, за конференција и за свадба на моја пријателка во Скопје.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-02.jpg

Што најмногу ти се допадна во Македонија?

Пред сè, ми се допаѓаат природните пејзажи со кои изобилува Македонија, а исто така ми се допаѓаат Македонците, кои се навистина гостопримливи и покрај јазичните бариери.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-12.jpg

Кои македонски градови ги имаш посетено досега и кој од нив ти има има оставено најсилен впечаток?

Најмногу го имам посетено Скопје, потоа Охрид и Битола и некои помали градови. Искрено, повеќе ми се допаѓаат помалите градови од главниот град.

Што најмногу ти се допадна од македонската кујна?

Ми се допаѓа скоро сè што вкусив, но ако мора да изберам, полнети пиперки, а посебно сум „слаба“ на локалните чоколатца од Европа.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-03.jpg

Што мислиш за македонскиот народ?

Македонците генерално се со отворен ум и секогаш пријателски настроени, дури и постарите генерации кои не зборуваат странски јазици навистина се трудат да бидат гостопримливи со странците.

Според твоето професионално искуство, како археолог, дали македонската историја е добро претставена во светски рамки?

Мислам дека македонската историја не е доволно претставена во светот. Повеќето од луѓето кои јас ги познавам воопшто немаа слушнато за Македонија.

Исто така, веројатно и јас немаше да знам постоењето на оваа земја ако не го одбрав тој предмет во моите студии.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-05.jpg

Зошто ја избра Македонија како поле за твоите студии?

Ја избрав Античка Македонија бидејќи имав можност да студирам во странство за време на еден семестар, на Солунскиот Универзитет во рамки на програмата „Еразмус".

Сметав дека ќе биде добра можност да се избере субјект поврзан со овој регион. Исто така, сакав тема која не беше многу популарна.

Што е полето на твојата експертиза?

Моето истражување се фокусираше на погребните практики во регионот на Античка Македонија во архаичниот период (6-5-ти век п.н.е.). Главната цел беше да се проучуваат овие практики преку создавање база на податоци која овозможува да се идентификуваат заедничките особини и локалните карактеристики.

нatali-arheolog-od-francija-sekoj-barem-ednash-vo-zivotot-mora-da-gi-poseti-heraklea-i-zalivot-na-koskite-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...
Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Александар Пендароски, зет на Галичка свадба: „Женската носија тежи 25kg, моите родители се венчаа в... „Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував. То...
Никола од Скопје и Нардос од Етиопија: „Се запознавме на Фејсбук во христијанска група за самци, се ... „Се венчавме во Бигорски манастир, мојот духовен отец Партениј нè венчаше, тој м...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...

Најчитани неделава