Снеже Велков: „Боби е секое дете со дислексија чии тетратки биле искинати и фрлени во канта, кое поради малтретирање не отишло на екскурзија“

„Не сум била жртва на врсничко насилство, можеби заради различното време во кое живеев и различните правила на почитување и воспитување кои постоеја. И таткото директор и таткото работник имаа ист став околу тоа што е срамота и што не смее да се прави на училиште“, вели Снеже Велков, која е дел од кампањата против врсничко насилство „Крени глас“.

snezhe-velkov-kreni-glas-01.jpg

Водителката Снеже Велков е дел од кампањата „Крени глас“ на Макпетрол, чија цел е да се стави крај на врсничкото насилство.

Таа ја раскажува приказната за Боби, момче кое е „поразлично од другите“ во училиштето, бидејќи има дислексија. Поради својот проблем со читањето и пишувањето, неговите врсници го задеваат, му се потсмеваат, го нарекуваат со погрдни имиња.

Но, не го малтретираат само Боби, туку и сите оние кои ќе се обидат да му се приближат и да се дружат со него. А тој се повлекува во себе и нема пријатели, токму во годините кога децата и тинејџерите се најранливи и чувствителни.

snezhe-velkov-kreni-glas-04.jpg

Снеже вели дека во приказната за Боби може да се препознае секој кој, од некоја причина, бил малтретиран на училиште.

„Проблемите не поминуваат со игнорирање. Мора да им се пристапи на вистински начин и да се превенира, а не да се санира“, вели таa за CRNOBELO.com.

Прочитајте го интервјуто со Снеже:

Зошто реши да станеш дел од кампањата „Крени глас“?

Како мајка и како јавна личност, сметав дека тоа е моја обврска. А, од друга страна, ми беше драго дека креаторите на кампањата во мене препознале лик од доверба, кој може да пренесе сериозна порака во општеството.

snezhe-velkov-kreni-glas-02_copy.jpg

Која е пораката што сакаш да ја испратиш со приказната за Боби? Дали таа допира до луѓето, имаш ли позитивни коментари?

Она што сакав да го пренесам со пораката е дека доколку некој е поинаков не значи дека е помалку вреден од другите.

Но, во исто време сакав да порачам и дека работите мора да се нарекуваат со вистинското име и да се разговара и зборува за нив.

Со игнорирање не поминуваат проблемите, а со заминување не ги снемува.

Но, мора да се пристапи на вистински начин и да се превенира, а не да се санира.

Пораките и коментарите се секојдневни. А тоа колку што го потврдува фактот дека кампањата се појавила во вистински момент, толку и растажува, поради фактот што системот затаил.

snezhe-velkov-kreni-glas-05_copy_copy.jpg

Приказната за Боби која ја раскажуваш е приказна во која може да се пронајдат многумина. Дали е ова вистинска приказна од твоето детство?

Боби е секој оној кој се препозна во приказната, секое дете кое има проблем со дислексија, секое дете чии тетратки биле без причина искинати и фрлени во канта.

Секое дете кое заради малтретирање не отишло на излет или на екскурзија.

А за овој, мојот Боби, се надевам дека си го нашол патот и дека дислексијата ја искористил на најдобар можен начин.

Сакам да чујам дека станал „Ајнштајн“ во некоја област.

snezhe-velkov-kreni-glas-06_copy_copy.jpg

Дали лично ти си била жртва на врсничко насилство?

Лично не, можеби заради различното време во кое живеев и различните правила на почитување и воспитување кои постоеја.

Унифицираноста на однесување и фактот што немаше привилегирани деца.

Сите тргнуваме од иста позиција.

И таткото директор и таткото работник и таткото наставник – сите имаа единствен став околу тоа што е срамота, што не смее да се прави на училиште, а што треба да се прави.

А од друга страна и наставниците се однесуваа исто - немаше попуштање на еден, а привилегирање на друг ученик...

Изедначувањето на децата не даваше простор некој да се „перчи“ и да се чувствува над некој друг. Па, веројатно затоа немаше толку малтретирање.

А закачки имаше, ама така растат децата. Денес се закачкаме, утре сме најдобри другари.

snezhe-velkov-kreni-glas-03_copy_copy_copy_copy.jpg

Како би постапила како родител доколку твоите деца бидат жртви на врсничко насилство?

Со разговор и со насилникот и со одделението и со родителите и со наставниците.

Не е тоа проблем на двајца - тоа е проблем на системот и така и треба да се решава.

Погледнете го видеото:

На страницата kreniglas.mk постои опција секој што бил жртва или имал искуство со булингот, анонимно да ја сподели својата приказна.

Крајно време е сите да кренеме глас!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Горан Трифуновски-Пајак: Со предрасуди сум се соочувал најчесто од луѓе со фрустрации! Горан, е дипломиран актер, магистер по режија, музичар, вљубеник во цртањето. Го...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Зорица Николовска создаде сликовница за деца: „Синот (7) ми е инспирација, се расплакав кога почна д... „Мартин знае дека приказната постои благодарение на неговото растење, на неговит...
Столе Димитриевски за CRNOBELO.com: „Сопругата ми го критикува модниот стил, сонувам да се пласираме... „Првото кафе го правам сам дома пред да излезам за на тренинг. Во последно време...

Најчитани неделава