Петар Николоски живее во Порто: „Влагата во португалски дом е исто што и бубашваба во македонски дом“

„Петар Николоски има 45 години, еден ден реши да го спакува куферот, да направи софт ресет и да замине од Македонија“ - вака во кратки црти се опишува себеси нашиот соговорник кој живее во Порто, Португалија.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-01.jpg

За Португалците вели: „Една работа на која навистина ми требаше време да се прилагодам е тоа колку трпеливост имаат. Во сообраќај не се слуша свирка, во маркет се чека ред иако работат само две каси и никој не се туфка дека ќе задоцни и не се дере да се отвори нова каса“.

Прочитајте го целото интервју за животот во Португалија:

Во еден Твит од ноември 2021 година велиш: „Имам нов two year plan. Да се преселам во Португалија и да возам Jeep Wrangler покрај обала“. Како се случи реализацијата на планот? Кога замина за Португалија, во кој град се пресели и зошто баш таму? И секако, до каде е реализацијата на Jeep-от? ?

Ха-ха-ха. Првпат Португалија ја видов баш во тој ноември 2021 година. Размислував каде да одам да шетам, си велам, никогаш не си бил во Португалија. Букирав карти со план да ја прошетам од север, па сè до долу до теснецот со Мароко.

Во моментот кога слетав во Порто осетив некој зен – смиреност која ја има во многу мал дел од европските градови. Улиците на Порто многу ме потсетија на сокачињата во Охрид и Крушево.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-18.jpg

Следна дестинација беше Silver Coast – делот каде што Европјаните решаваат да се пензионираат. Прекрасни песочни плажи, убаво време и релативно празно со оглед на тоа што беше ноември.

Кога дискутирав со една тетка која работеше на рецепција за тоа колку е празен градот, ме погледна во очи и ми рече „During the winter, it's like living on a desert island, but in the summers it's like New York City” (Во зима, изгледа како да живеете на пуст остров, но во летниот период, како Њујорк).

Tокму оваа изјава и беше една од причините да не го одберам Фаро како моја финална дестинација.

Трет и последен ден од мојата првична посета беше Лисабон – кој како и секој друг главен град живее со темпо од 100 на саат. Во моментот кога се симнав од воз на Ориенте станица, осетив анксиозност и си реков – ова може да се посети, ама овде не се живее.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-03.jpg

Откако така ја прошетав Португалија во месец ноември и видов дека можам да се шетам по кратки панталони, решив дека тоа е местото на кое сакам да живеам. За мене беше едноставна одлука, а син ми, во еден разговор неколку месеци потоа, искоментира дека тоа е најверојатно одлука донесена под влијание ја мојата средовечна криза.

По ова, во 2022-ра уште двапати ја посетив Португалија за да ја одберам точната локација на која сакам да се преселам и изборот падна на Порто – што малку и мене ме зачуди со оглед на тоа што Порто има два месеца во кои нонстоп врне (ноември и април), ама некако целата друга убавина и природа придонесоа да го занемарам тој факт и еве, сега учам како да шетам на дожд.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-14.jpg

Ах да, ќе го ги заборавев џипот – со цените на бензинот овде, таква кола е тотално неисплатлива, така што, моментално користам електрично возило кое чини околу 400.000 евра – метро.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-06.jpg

Комплициран ли е процесот за добивање виза за престој во Португалија? Како се снајде со сместување, како се цените на становите?

Процесот за добивање виза е ист како и за сите земји – ако ги исполнуваш условите и ја приложиш потребната документација, нема никаков проблем. Сместувањето, реално беше проблем затоа што од моето прво одење во 2021, па сè до моето финално стапнување на португалско тло, цените за становите значително скокнаа, а и побарувачката е зголемена, така што станбеното прашање беше предизвик.

Цените варираат – во руралните места може да се најде стан за 300 евра месечно, а во поголемите градови цената е од 600 евра па нагоре, во зависност од локацијата и квадратурата, односно број на спални.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-07.jpg

Кои беа првите впечатоци, имаше ли измешани чувства на денот кога се пресели?

Далеку од тоа. Точно знаев каде одам затоа што убаво го истражив нивниот менталитет. Би ги дефинирал како нешто помеѓу Македонија и Германија. Ја имаат таа топлина и гостопримливост што ја имам ние, ама исто така знаат да бидат доста директни во комуникацијата, па знаеш на што си.

Системот им функционира - далеку е од германскиот, ама е исто така и светлосни години пред нашиот, што според за мене е win-win ситуација.

Една работа на која навистина ми требаше време да се адаптирам е тоа колку трпеливост имаат. Во сообраќај не се слуша свирка, во маркет се чека ред иако работат само две каси и никој не се туфка дека ќе задоцни и не се дере да се отвори нова каса.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-09.jpg

Во буквално секој дуќан има машина за бројчиња – влегуваш, земаш бројче и чекаш да ти дојде редот. И кога тоа чекање ќе си го прифатиш како нормална работа, животот станува поедноставен.

Еве ви пример – во станот каде што живеам требаше да се стави нова врата на туш кабината.

Мајсторот досега има дојдено трипати од мај месец – еднаш да земе мерки, вторпат да премери, третиот пат да ја монтира кабината и да сфати дека вратата е со погрешна димензија.

Рече дека следниот петок ќе ја донесе точната величина - тоа беше пред два месеца. Ако пробаш да направиш притисок, едноставно ќе те игнорираат додека не се спремни да дојдат. А, тоа го можат затоа што цените за услугите кај сите се исти.

Разликата (ако ја има) е најчесто 50 центи, така да не бираш според цената туку според квалитетот.

А, тој што е навистина квалитет ќе ти каже ја сум „фул“ до следниот месец, ако сакаш за тогаш ОК, ако не, оди кај друг.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-12.jpg

На следната страница зборуваме за начинот на живот, какви се Португалците, што е она што би било убаво да го имаме и во Македонија...



Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милен... „Размислував дали да носам капче на свадбата и кога прашав почнаа повозрасните: ...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg