Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно време, ден и година“

Што е она што ја прави Финска убава земја за живот, а што е она на што сè уште не можеш да се навикнеш?

Животот е упростен до најмал детаљ да може секој да функционира. Системски многу средена земја, ми се допаѓа особено тоа што луѓето може истовремено да работат и да студираат без никаков стрес, да имаат по повеќе струки и работни места.

Добро балансираат работа и слободно време, и уште повеќе фактот дека одморите во Финска во лето траат и по цел месец.

Природата и мирот за мене се најубав дел од Финска. Секоја населба и дом е во некоја своја шума. Немам зборови да опишам колку зеленило, дрвја и води има оваа земја. 

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-29.jpeg

Секое годишно време го красат прекрасни пејзажи. Па така, преубави се долгите, светли, летни денови и зајдисонцето покрај плажа.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-02.jpeg

Есента најубаво се доживува по шумските патеки каде граѓаните уживаат во собирање на шумски плодови и печурки, додека пак зимите се убави по натрупаниот снег и длабоките тивки ноќи кои се најслатки за спиење и најтешки за будење.  

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-33.jpeg

Би кажала дека сѐ уште немам храброст за зимското капење на отворено, што е сосема нормална рутина за Финците. На минусни температури, од градска сауна покрај плажа директно во море, т.е. направена е дупка во самото море кое е замрзнато.

На фотографијата подолу стојам на замрзнато море - властите кажуваат кога е дозволено, а кога не смее да се пешачи по него и е опасно. Ова беше првиот пат и копното е дури кај шумите позади мене, морам да признаам дека ми се тресеа нозете. 

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-23.jpeg

Што се однесува до стандардот, може ли да речеме дека животот во Финска е скап?

Финска може да се пофали со највисоки даноци во светот, па според примањата се определува и данокот, односно колку повисока плата - толку повисок данок, а истото важи и за казните.

Затоа, секој граѓанин ужива во некои други придобивки како што се: добро здравство, бесплатно образование, пакет за секое новороденче, добри примања за време на породилно отсуство за двата родитела.

А, што се однесува до храната би спомнала некои основни намирници, на пример најскапиот леб е 6 евра, а најевтиниот е 2 евра, 1 литар млеко најскапо е 5 евра, а најевтиното е 80 центи.

Месото и рибата се со повисоки цени, цигарите и алкохолот се скапи. Но, намирници, како и секаде, има за сечиј џеб.

Инаку, во финската култура на живеење дневно се оди на ручек со колеги или пријатели во бифеа, односно има многу места каде се служи во стилот на шведска маса и притоа тоа не е скапо - од 15 евра за лице и нагоре.

Излегувањето во ресторан е поскапо и зависно од тоа каков ресторан. За еден пар најмалата сметка што може да ја добиете е од 100 евра во кои би ставила скромно само еден пијалак - лесен безалкохолен.

Независно, убаво е да се каже дека во Финска повеќе се трошат пари на хоби и културни настани, отколку на луксузни вечери.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-01.jpeg

Како се справуваш со времето таму, раскажи ни малку повеќе како се живее кога е цело време ноќ или ден?

Kammos на фински е периодот кога воопшто нема изгревање на сонцето. Тоа повеќе се чувствува во северна Финска, затоа што во јужна Финска периодите се пократки.

Во зима во јужна Финска прва светлина налик на самрак е во 9 часот наутро и трае до кај 15 часот кога всушност сѐ е сиво.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-11.jpeg

Скоро сите во тој период се активни на работа или на школо, па човекот на некој начин се разминува и со таа некаква светлина, или со други зборови излегувате од дома во мрак и се враќате дома повторно во мрак.

Наспроти тоа, во средина на летото тешко е да се спие ако не се има темни завеси, бидејќи се затемнува после полноќ во 2 часот, во краток период до 4 наутро, што повторно наликува на самрак, а не на темна ноќ.

Што сакаат да прават Финците во слободно време, дали има социјален живот и спонтани дружби?

Финците се народ коj своето време го троши квалитетно. Сакаат да се дружат и тоа го прават со своите добри пријатели, но исто така голем дел од времето го трошат на своето хоби, дали тоа е спорт, плетење, читање, изучување на јазици или друго. 

Има ли многу снег? Имате ли можност да ја гледате поларната светлина честопати?

Снег има премногу! А, бидејќи нема каде истиот да се остави, службите задолжени за чистење на снегот прво го товарат во камиони и од таму се носи во морето.

За ова постои и интересен документарен филм се вика „Pohjolan talvi“- во превод „Северна зима“ каде се опфатени скандинавските земји.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-18.jpeg

За време на нашиот одмор во Лапонија – Saariselkä, за прв пат ја видов аурора - поларната светлина и тоа за мене е незаборавно искуство кое само се доживува не може да се опише со зборови.

Тој ден кога ја видовме, на прогнозата се предвидуваше дека се големи шансите за нејзината појава, па трпеливо ја чекавме речиси 4 часа.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-16.jpeg

И, вредеше. Најубаво се набљудува кога човек е во целосен мрак во шума.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-22.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...
Марија има кафе-книжарница во Куманово: „Многумина ме премислуваа, но сфатив дека кумановци многу чи... „Кумановци читаат! Читаат многу популарна психологија, читаат и трилери и романи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg