Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно време, ден и година“

Кој ти беше најголем културен шок кој го имаш доживеано?

Најголем културен шок ми беше однесувањето во улога на гостин на Финците. Првпат кога дојдоа кај нас, секој од нив си носеше своја пијачка за себе како и нешто за јадење, иако јас веќе имав подготвена вечера за нив.

Буквално со гајби пиво или две три шишиња вино само за себе.

Па така, на тој начин, од дружбите научив дека кај и да одам си носам тоа што ќе јадам и ќе пијам.

Финците се дружат многу по дома на интересен начин, покрај пиењето главен дел заземаат друштвените игри, па многу тука научив многу игри како „Туше“, „Корона“... Тоа е баш забавно!

Исто толку голем шок на самиот почеток ми беше што пиењето кафе трае многу кратко, додека има да се каже најкорисното, а кога Финец ве договара за средба за кафе или друго - очекува да му кажете точно време, ден, час, година.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-30.jpeg

Какви се Финците како народ – пријатни, љубезни или сосема поинакви? Дали лесно може да се стекнат пријатели?

Пијат алкохол многу! Петок е ден во Финска кога има најголеми гужви во продавниците за алкохол и маркетите.

Во петок речиси сите и да бегаат порано од работа, се знае договорена дружба. Финците иако се интроверти, кога ќе се напијат малку повеќе се многу отворени и интересни, па следниот ден знаат и да се срамат поради тоа.

Кои се 5 работи кои треба секој да ги знае пред да се пресели во Финска?

Ако си човек што сака ПРАВИЛА И РУТИНА, ако СОВЕСНО, ОДГОВОРНО И ПРАВИЛНО ја работиш својата работа, ако милуваш да ЧИТАШ книги, (бидејќи во Финска на секој чекор има библиотеки и тоа како во бајките), ако ТИ Е УБАВО САМ СО СЕБЕ, ако САКАШ ЗИМА и поднесуваш минусни температури - тогаш Финска е за тебе.

И, не дека баш треба да си лингвист за да го научиш финскиот јазик!

Кои фински специјалитети треба секој да ги проба? Каква е финската кујна?

Јас се вљубив можеби во наједноставното и најглупавото за другите, а тоа се оризовите лепчиња. Исто така ми се многу убави и нивните бонбони салмиаки - тие се црни на изглед и солени, потсетуваат на минт бонбони, но не се.

Имавме прилика досега двапати да бидеме дел од традиционална Финска божиќна вечер, и нивната кујна е сосема различна од македонската. На божиќната трпеза преовладува рибата, традиционални нови вкусови за мене беа сосовите со моркови и компири кои дотогаш ги немав вкусено.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-21.jpeg

Една од традициите пред Божиќ е да се јаде блага оризова каша во која има еден бадем, па се верува дека на тој што ќе му се падне бадемот му следува убава година. 

Пред Божиќ, исто така, се носи дома свежа елка и ја украсува целото семејство.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-24.jpeg

Овде Дедо Мраз од Лапонија доаѓа за Божиќ и тогаш сите си даваат подароци.

Дали се функционира совршено – од аспект на институции, превоз, јавна хигиена, образование и слично?

Според статистички податоци, Финска е неколкупати избрана за најсреќна земја за живот, но мора да земеме предвид дека Финска е самостојна земја 106 години.

За мене не постои совршенство, секаде човекот е човек.

Една од главните особина на ова функционирање е свеста и совеста на поединецот која е на многу високо ниво, што впрочем на почеток тоа беше и културен шок - ако може да се каже така.  

Во Финска сѐ е дигитализирано, почнувајќи од возниот ред и билетот за јавен превоз, доставата од робот, самопослужните каси во маркетите - односно сами си ги куцате производите и си ги наплаќате, сите сметки и писма стигаат во дигитална форма, а притоа плаќате повеќе ако изберете поштата да пристига во хартиена форма бидејќи учествувате непосредно во загадување.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-35.jpeg

Како претприемач, ќе споделам дека моето книговодство е дигитално - јас сѐ уште не знам како изгледа мојот книговодител.

За финскиот образовен систем имаат слушнато многумина и можам да дадам само пофални зборови за целиот систем на функционирање.

Децата на најмала возраст веќе имаат рутина која ја стекнуваат освен во семејство, и на училиште. Од рана возраст се стекнуваат со вештини за самостојно живеење, почитување и зачувување на природата, како и дигитални вештини.

Основно училиште трае девет години, средното образование две или три години и понатаму се продолжува кон повисоко образование, универзитетски студии итн. Образованието е целосно бесплатно - од основно до универзитет доколку сте државјанин.

Оттаму потекнува и фактот што Финците спаѓаат во високо образовани луѓе кои често ја менуваат својата професија. Завршуваат и по неколку струки во својот живот.

Работната средина во Финска е особено мотивирачка и за пример, каде што не се знае кој е претпоставен - секој има важна улога во фирмата, скоро секоја подобро снабдена фирма има бенефиции за своите вработени и тоа се парични ваучери кои можат да се користат за разни културни настани и активности.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-26.jpeg

Во работниот живот секој е одговорен и работата се завршува без да постои надзор. Во слободно време секој има некакво хоби, па така темните студени и долги зими минуваат полесно со пријателите.

Зборот пријател има вистинска тежина во Финска поради интровертноста на општеството. Но, кога ќе стекнете пријател, тоа трае вечно. 

Како изгледа вашиот град за време на божиќните празници? Што најмногу се прави во овој период?

Бидејќи живеам во јужна Финска, околина на Хелсинки, тука зимата трае до 7-8 месеци, но најубаво е пред католички Божиќ кога започнуваат божиќните базари.

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-34.jpeg

Покрај улиците и плоштадите, сите домови веќе имаат украсено во дворовите и терасите.

Овој период е многу раздвижено и има разни културни настани, па на плоштадите се ужива во добра храна и музика, се пие глоги - варено вино кое се поврзува со студените зимски денови и божиќните традиции.

Сите купуваат поклони за Божиќ и сите фирми го прославуваат таканаречен мал Божиќ со колегите. 

ivana-k-churlevska-zivee-vo-finska-koga-finec-ve-dogovara-za-kafe-ocekuva-da-mu-kazete-tocno-vreme-den-i-godina-32.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Дарко Илиевски за татковството: „Синот првата ноќ по раѓањето беше на мониторинг - јас не му ја испу... „За синот Матео, идејата за името беше на сопругата, а неговото средно име го из...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...
Марија има кафе-книжарница во Куманово: „Многумина ме премислуваа, но сфатив дека кумановци многу чи... „Кумановци читаат! Читаат многу популарна психологија, читаат и трилери и романи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg