Милена од Куманово за посетата на Копенхаген: „Паркот Тиволи е магичен, но скап - влезницата чини 1.400 денари, а греено вино 500 денари“

Каква е програмата? Може ли да очекуваме да видиме забави и концерти? Дали има содржини и за најмладите?

На главните плоштади не забележавме некаков конкретен тип на програма освен самите базари, но можно е да се одржуваат во одреден период и на одредена локација.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-17.jpg

Скап ли е престојот во Копенхаген? Се наоѓа ли лесно сместување во овој период од годината?

Не би можела да кажам колку чини престојот во Копенхаген, затоа што направивме мал „трик“ за да поминеме поевтино во поглед на авионска карта, сместување и храна.

Се сместивме во Малме, Шведска, град кој е оддалечен само 40 минути со воз од Копенхаген.

Има возови скоро 24/7 на секои 20 минути, возовите се удобни и современи. Ќе имате можност да се возите низ еден од најдолгите мостови во светот, Ересундскиот мост.

Ересунд е еден од трите дански протоци што го поврзува Балтикот со Атлантскиот Океан преку Категат, Скагерак и Северното Море, како и еден од најпрометните водни патишта во светот. Погледот за време на самото патување вреди повеќе од картата. Сместувањето во Малме ни беше со појадок и нè чинеше околу 200 евра за двајца, за 3 ноќевања, што е евтина опција како за Европа.

Одлично е што на овој начин ќе успеете за кратко време да посетите две држави и да уживате во убавините на Копенхаген и Малме. За Малме ви е доволен и еден ден. Таму мора да ја посетите библиотеката.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-13.jpg

Што е она што задолжително треба да го понесеме со себе ако одиме на божиќен базар во Копенхаген?

Првин понесете си позитивна енергија, градот е полн со таков дух и не би сакале да им го „рушите просекот“.

Потоа, понесете си храна од Малме… Се шегувам, но и тоа не е лоша опција ако сте на буџет. Пробајте ги нивните топли пијалаци, не само Gløgg.

Има интересни комбинации со какао, чај и слично кои вредат да се пробаат. Во периодот кога ние го посетивме Копенхаген немаше снег, но беше целосно сиво и врнежливо, така што освен добра облека земете и чадор за секој случај.

За плаќање не ви е потребен кеш, ги прифаќаат сите картички на секој базар и сите останати локации.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-14.jpg

Освен, базарите што друго мора задолжително да се посети и да се види кога си во Копенхаген?

Како личност која баш и не е обожавател на студена клима, препорачувам да ја посетите ботаничката градина.

Ќе имате можност да видите интересни растенија, но и да уживате во тропската клима, барем накратко.

The Round Tower е интересна атракција каде што за околу 300 денари ќе имате можност да го видите цел Копенхаген од врвот, а исто така на подолното ниво се одржуваат најразлични интересни изложби.

На пример, ние начекавме изложба за историјата на волците во Данска. Природонаучниот музеј е исто така одлично место за посета, изложбите се менуваат од период на период и имате 2-3 ката за разгледување.

Не заборавајте да поминете и низ Nyhavn. Канал опкружен со куќи и барови, кафулиња и ресторани во светли бои. Прекрасен е и замокот Rosenborg. Кристијанија е област која е интересна за посета, но запомнете дека тука не е дозволено да се фотографирате.

За да не ги набројувам сите наједноставно е да отворите Google Maps и да го поминете целиот централен дел на Копенхаген буквално има интересни работи каде и да се свртите.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-15.jpg

Можеш ли да ни откриеш која ти е следна дестинација? Дали планираш можеби да посетиш уште некој базар пред празниците?

До крајот на зимата немам план да одам подалеку, освен во соседните земји, но затоа пролетта ќе ја оставам за подолг и интересен одмор.

Ова ми е омиленото годишно време, па затоа и омилен период за патување. Најверојатно ќе бидат неколку европски држави, како Швајцарија, Италија и слично, но сè уште сме во „преговори“.

milena-od-kumanovo-za-posetata-na-kopenhagen-parkot-tivoli-e-magichen-no-skap-samo-vleznicata-chini-1-400-denari-18.jpg

Погледнете уште неколку фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Михаил Корубин: „Моите ми направија прва ‘изложба’ дома на 6-7 години, израснав во ателјеата на татк... „Паметам на 6-7 години моите ми ја направија првата „изложба“ во нашата куќа, ја...
Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милен... „Размислував дали да носам капче на свадбата и кога прашав почнаа повозрасните: ...
Леонид Вандевски, атлетичар: „Пред натпревар избегнувам користење на социјалните мрежи, а дисциплина... „Неуспехот е дел од животот и е нешто што сите мора да го прифатиме бидејќи најг...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg