Д-р Наум Трпеноски, офталмолог: „Со операција на катаракта се отстранува и диоптријата за близина, зафатот трае 20-тина минути“

Постепено намалување и заматување на видот што може да доведе до привремено слепило – д-р сци. Наум Трпеноски во интервју за CRNOBELO.com појаснува што е тоа катаракта (народски „перде“) и одговара на прашања поврзани со операција на ова заболување.

d-r-naum-trpenoski-oftalmolog-so-operacija-na-katarakta-se-otstranuva-i-dioptrijata-za-blizina-zafatot-trae-20-tina-minuti-01.jpg

Катаракта, или како што народски се нарекува „перде“, е неретко офталмолошко заболување, кое најчесто се јавува кај повозрасни пациени, а се лекува со операција. 

На оваа тема поразговаравме со д-р сци. Наум Трпеноски, кој појаснува што е тоа катаракта, кои се симптомите и колку е важно навремено да се дијагностицира и да се направи оперативен зафат со кој ќе се реши овој проблем. 

Д-р сци. Наум Трпеноски е пионер на операцијата за катаракта со ултразвук во државното здравство и ја направил првата операција со ултразвук во државното здравство во Македонија во 2010 година, а денес е медицински директор и хирург во Специјализирана очна болница Промедика Офталмологија. 

Во интервју за CRNOBELO.com д-р сци. Наум Трпеноски објаснува сè што треба да знаете за катаракта:

Што е катаракта (перде), какви се симптомите и како се дијагностицира?

Катаракта е заматување на природната леќа, која се манифестира со постепено намалување и заматување на видот кои може да доведат до привремено слепило.

Покрај намалениот вид за други симптоми се сметаат промена во перцепција на боите (се гледа сина боја), гледање двојни слики, лош ноќен вид особено при ноќно возење, чувствителност на светлина и често менување на диоптрија. Се дијагностицира при рутински офталмолошки преглед.

Кому може да му се појави и од која возраст?

Катарактата најчесто се јавува по 50-тата година од животот, меѓутоа денес се среќаваме со појава на катаракта и кај доста помлади пациенти околу 40-тата година, па дури и порано.

Катарактата исто така може да биде и вродена.

Дали е катарактата наследна и дали може некако да се превенира?

Катарактата може да биде и наследна, станува збор за вродените катаракти кои се јавуваат во склоп на некои ретки офталмолошки синдроми, а превенција за истото нема.

d-r-naum-trpenoski-oftalmolog-so-operacija-na-katarakta-se-otstranuva-i-dioptrijata-za-blizina-zafatot-trae-20-tina-minuti-02.jpg

Дали единствениот начин на лекување е со оперативен зафат? Или има вежби и други третмани?

Единственото лекување на ова заболување е оперативно, односно се отстранува заматената леќа и се заменува со имплант (интраокуларна леќа) која ќе ја врши истата функција како и природната леќа и која останува во окото засекогаш.

Кои се последиците ако не се направи операција?

Доколку не се направи оперативен зафат ќе настане комплетно губење на видот.

Дали со операцијата на катаракта се отстранува и диоптријата? И дали може да се регулира и видот на близина?

Да, со операција на катаракта се отстранува и диоптријата за близина како што е читање на книга, работење на лаптоп, гледање на рачен часовник, телефон, итн.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Маја од Скопје е мајка на предвреме родено бебе: „По 57 дена ја земавме Петра и дознавме дека итно м... „Породувањето се одвиваше одлично. Петра со тивок плачлив глас, ми ја доближија ...
Светлана Црнокрак ни ги откри тајните за убавина: „Имам чувствително лице, ретко јадам чоколадо и по... „Секогаш велам дека во животот повеќе сум гладна отколку сита. Од кога паметам з...
Маријана од Велес: „Син ми Дариан (7) е роден со половина срце – по 3 операции денес е активно момче... „Дариан денес е активно насмеано 7-годишно момче кое воедно од септември годинав...
Ангела Блажевскa: „На 19 години ми пресадија бели дробови, операцијата траеше 7 часа, сега слободно ... „Белодробната функција, пред да ја направам операцијата, ми беше само 18% и тоа ...
Тина Алексовска по операцијата на отворено срце: „Заради резот на телото, мислев никој веќе нема да ... „Дојдоа болничарите и ми рекоа да легнам на креветот што го донесоа. Низ хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg