Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“

„Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообичаени домашни мачки во однос на големината, но имаат нешто предаторско во нив. Погледот им е див и на моменти осудувачки“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Марија, која веќе подолг период чува ваква раса мачки.

skopjankata-marija-chuva-bengalska-machka-tie-se-hibrid-od-domashni-i-leopardski-machki-se-prodavaat-i-po-1-400-evra-01.jpg

Марија (36) по потекло е од Скопје, но во последните 10 години живее и работи во Бордо, Франција. Таа работи во истражувачка лабораторија како клеточен биолог, а во слободното време сака да патува.

За читателите на CRNOBELO.com Марија ја сподели приказната за тоа како почнала да ја чува својата бенгалска мачка Уми, но и за тоа што е она што овој вид мачки ги прави поразличен од другите.

skopjankata-marija-chuva-bengalska-machka-tie-se-hibrid-od-domashni-i-leopardski-machki-se-prodavaat-i-po-1-400-evra-02.jpg

Како што вели, откако ненедејно ја загубила претходната бенгалска мачка за која се грижела 10 години, наишла на можност бесплатно да добие ново маче од истата раса, иако станува збор за миленици кои на пазарот во Франција може да достигнат многу висока цена.

skopjankata-marija-chuva-bengalska-machka-tie-se-hibrid-od-domashni-i-leopardski-machki-se-prodavaat-i-po-1-400-evra-03.jpg

Во продолжение проследете го целото интервју со Марија:

Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за Уми (каква мачка е, како ја доби, колку време се грижиш за неа)?

Уми е смотано, прекрасно суштество, блесава, игрива, пргава и многу карактерна. Уживаме со неа, ни ги прави деновите пресмешни.

Уми е од расата bengal rosette tubby (Бенгалска мачка).

Приказната со Уми е тажно-среќна. Пред да ја земеме неа имавме друга мачка, Мики што ја загубивме минатото лето од проблеми со бубрезите.

Многу ненадејно почина после само неколку дена во ветеринарна клиника.

Тоа многу нѐ погоди, Мики ни беше прв миленик, имаше 10 години, не беше многу стара.

Таа исто беше бенгалска мачка, така што веќе бевме научени на тие карактерни особини.

Кога го видов огласот за Уми, беше неколку месеци после смртта на Мики.

Не бевме сигурни дали сакаме друга мала мачка, но решивме да ја посетиме. По посетата се вративме дома со неа и тоа е нешто најдобро што можевме да направиме.

skopjankata-marija-chuva-bengalska-machka-tie-se-hibrid-od-domashni-i-leopardski-machki-se-prodavaat-i-po-1-400-evra-04.jpg

Што е она што ги прави бенгалските мачки поразлични од другите?

Дефинитивно се посебни.

Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки.

Фенотипски изгледаат како вообичаени домашни мачки во однос на големината, но имаат нешто предаторско во нив.

Погледот им е див и на моменти осудувачки.

skopjankata-marija-chuva-bengalska-machka-tie-se-hibrid-od-domashni-i-leopardski-machki-se-prodavaat-i-po-1-400-evra-19.jpg

Познавачите на мачки знаат дека овој вид има поголема потреба од физичка активност од останатите. Што е неопходно да имаш во домот за да ѝ ја задоволиш на Уми оваа потреба?

Да точно е дека се просторно захтевни, што поголемо место имаат тоа подобро.

Но, добро се прилагодуваат и во станови.

Имаат потреба од места каде што ќе можат да скокаат.

Уми, на пример, трча многу често по скалите на вториот спрат од куќата и мислам дека тоа доволно ја уморува.

Ја пуштам и често на тераса за да демне птици, за да си го остри предаторскиот инстинкт.

На крајот на денот мачките се многу итри предатори и треба да им се даде можност да го негуваат тоа.

skopjankata-marija-chuva-bengalska-machka-tie-se-hibrid-od-domashni-i-leopardski-machki-se-prodavaat-i-po-1-400-evra-05.jpg

По колкава цена се продаваат овие мачки?

Кога се купуваат бенгалски мачки цената им зависи многу од какво лежиште потекнуваат.

Ако родителите се со педигре и додатни награди тогаш цената ќе им расте. Во просек, цената се движи од 1.000-1.400 евра во Франција.

Но, исто така цената зависи од тоа во кој момент ја купувате.

Овие високи цени се најчесто ако се земе маче 3 до 4 месеци старо.

Колку е постаро, толку цената паѓа.

Уми беше како што ја викаат, дел од летно легло, и ако не им најдат сопственик за неколку месеци обично ги даваат на посвојување.

Јас ја посвоив на 6 месеци со мал придонес за вакцинирање и антипаразити.

skopjankata-marija-chuva-bengalska-machka-tie-se-hibrid-od-domashni-i-leopardski-machki-se-prodavaat-i-po-1-400-evra-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Марија и Борис живеат помеѓу два света, Скопје - Ротердам: Таа е на мастер студии, тој создава музик... „Во Холандија децата буквално уште од раѓање  во количка ги шетаат боси, из...
Баба и внука од Кавадарци се поим за нераскинлива љубов - Наташа (29) си ги истетовира името и окото... „Јас ја сакам баба ми најмногу на целиот свет. Во нејзината прегратка пораснав, ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...

Најчитани неделава