Македонци организираат бесплатен одмор за семејства: „Испративме на одмор татко со 3 деца, чија мајка е почината“

„Имаме деца кои никогаш не биле на одмор, деца кои не биле на езеро, не па на море – токму тие деца заедно со нивните семејства сакаме да ги израдуваме и пратиме на одмор. Досега вкупно 136 семејства во Македонија ја пополниле апликацијата“ – вели за CRNOBELO.com, Маргарета Талеска, претседателка на здружението „Куќа на среќата“, кое испраќа семејства на бесплатен одмор во Македонија и Грција.

makedonci-organiziraat-besplaten-odmor-za-semejstva-isprativme-na-odmor-tatko-so-3-deca-chija-majka-e-pochinata-01.jpg

„Ви благодариме премногу, пресреќни сме …“, „Малиот е пресреќен“, „Ова не го очекувавме“…

Ова се само дел од пораките што овие хумани Македонци редовно ги добиваат, благодарение на нивниот проект „Куќа на среќата“ со кој обезбедуваат бесплатни одмори за социјално загрозени семејства во Македонија.

makedonci-organiziraat-besplaten-odmor-za-semejstva-isprativme-na-odmor-tatko-so-3-deca-chija-majka-e-pochinata-02.jpgЈасна, Маргарета и Снежана

За овој проект повеќе разговаравме со Маргарета Талески од Скопје, која е претседателка на здружението „Куќа на среќата“.

Здружението е основано во јануари 2021-ва година од страна на 8 лица ентузијасти Маргарета, Јасна, Тања, Даниел, Наташа, Денис и Борче, а ја користи моќта на социјалните мрежи за позитивни промени во општеството.

Здружението има повеќе иницијативи за поддршка и помош на социјално загрозени категории на лица и семејства (семејства без примања, семејства на лица со посебни потреби, семејства со ниски примања, бездомници, еднородителски семејства…)

А освен што организираат хуманитарни настани, собирање на храна, покуќнина и друг вид средства за основна егзистенција „Куќа на среќата“ предводи и проект за бесплатно летување за социјално загрозени семејства.

Во продолжение погледнете го краткиот разговор со Маргарета, претседателката на Здружението:

Како дојдовте до идеја да формирате вакво здружение?

Куќа на среќата се основа во 2021 година како резултат на многубројни акции кои ги спроведуваме користејќи ја моќта на социјалните медиуми, со цел да направиме позитивни промени во општеството израдуваме многу семејства и помогнеме онаму каде е потребно.

Самото наше функционирање ја наметна потребата од формирање на здружение, со цел да можеме полесно да делуваме, полесно да ги спроведуваме акциите, полесно да добиеме поддршка за нашите активности.

Можете ли да ни појасните како функционира проектот за бесплатен одмор за семејствата? Што треба да направат и кои критериуми треба да ги исполнуваат за да можат да заминат на одмор?

Бесплатен одмор за едно семејство започна уште во 2017-ма година, како Фејсбук група „Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце“,  каде се пријавуваа сместувачи од Македонија – Охрид, Дојран, Струга за со текот на годините да ни се вклучат и агенции и издавачи на апартмани и да имаме бесплатни понуди за одмор од Грција, Албанија, Црна Гора…

На почетокот целна група ни беа семејствата со деца и членови со атипичен развој каде познавајќи ги нивните предизвици, трошоци, финансиски неможности како да си дозволат одмор заедно со активното вклучување на Христина Силјановска Јосимовска, која инаку е мајка на дете со попреченост, успеавме да дојдеме до тие семејства и да ги испратиме на одмор во Македонија.

Потребата за одмор кај семејствата ја наметна и потребата за проширување на целната група и давање на можност на сите семејства кои не можат да дозволат одмор да им помогнеме и овозможиме таква радост.

Имаме деца кои никогаш не биле на одмор, деца кои не биле на езеро, не па на море – токму тие деца заедно со нивните семејства сакаме да ги израдуваме и пратиме на одмор.

Активното вклучување во хуманитарни акции и помагање на семејства во социјален ризик на Маргарета Талески и Јасна Милкиќ беа олеснителна околност да се дојде до семејствата кои имаат потреба од одмор.

Годинава добивме и засилување и ни се вклучи и Снежана Христова со цел да најдеме што е можно повеќе сместувачки капацитети и да испратиме повеќе семејства на одмор.

Ни се приклучи и познатиот хуманист од Охрид, Димче Каневче кој покрај барањето на сместување ги отвори и вратите од својот ресторан за семејствата кои ги праќаме на одмор во Охрид, ни се приклучи и хуманитарката, Драгана Ѓорѓеска од Битола, ни се приклучија многу луѓе со хумани срца…

Сакајќи да се даде можност на сите и да се допре до сите оваа година направивме и посебна апликација за пријава каде ќе можеме да дојдеме и до оние семејства кои ние не ги знаеме или познаваме, со што оставивме можност и друг да ни пријави такви семејства.

Целната група ја проширивме и на онколошките пациенти и оние кои поминале низ болничките ходници, знаејќи низ се какви трошоци поминале, колку трошоци имаат и уште колку им треба за зачувување на нивното здравје.

На еден начин одмор за едно семејство ги опфаќа сите категории кои на семејства кои поради разни причини се во социјален ризик и оваа година можат само да сонуваат одмор.

makedonci-organiziraat-besplaten-odmor-za-semejstva-isprativme-na-odmor-tatko-so-3-deca-chija-majka-e-pochinata-03.jpg

На кои дестинации најчесто може да заминат семејствата со ваша помош?

Семејствата ги праќаме на одмор онаму каде хуманите срца ни даваат сместувања, ги отстапуваат нивните сместувачки капацитети, агенциите ни ги отстапуваат нивните аранжмани.

Голема пофалба до хуманите срца од Охрид и Дојран иако годинава упативме апел и до оние кои издаваат сместување и во планинските места (Крушево, Берово, Маврово …), бањските капацитети…

Радува фактот што семејствата можеме да ги пратиме и на море, каде сме спремни да им извадиме и патни исправи (веќе две патни исправи и ни се извадени).

За жал долгото чекање на изработката на патните исправи ни е малку проблем од причина што не може да знаеме кога истите ќе бидат изработени за да планираме определено семејство за одмор на море.

Се случува ли да имате многу повеќе барања од тоа што можете да го реализирате?

Да има голем број на семејства кои ја пополниле годинава апликацијата за одмор. Моменталната бројка која ја пополниле е 136 семејства.

Дел од тие семејства мора да признаеме дека не е дека немаат можност да заминат на одмор со што секако предност и приоритет даваме на оние кои навистина имаат потреба, навистина не биле, навистина се во социјален ризик.

За да не направиме грешка со семејствата и носиме наши заклучоци, нормално правиме проверка на семејствата и при контактирањето, доколку е потребно бараме и соодветна документација и потврда за нивната состојба.

Имаме и семејства кои годинава не сме ги пратиле, но не ги забораваме за наредната.

Семејства кои веќе еднаш се пратени, иако пак не се во можност да заминат на одмор, не ги праќаме повторно, зошто сакаме секое едно дете да ја почувствува магијата и убавините на одморот со неговото семејство.

makedonci-organiziraat-besplaten-odmor-za-semejstva-isprativme-na-odmor-tatko-so-3-deca-chija-majka-e-pochinata-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Горан Пандев за татковството: „Присуствував на раѓањето на трите деца, најубаво ми е кога ќе заспием... „Моите три деца се родени во Италија. По нивното раѓање, кај нашите семејства во...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...
Ирена и Игор Марковски имаат две деца со дијабетес: „Синот почна да губи по 1 килограм преку ноќ, ка... „Дијабетесот не е болест туку состојба. Кај синот првите симптоми што нѐ насочиј...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg