Јосиф, нов миленик на тинејџерките: „Публиката ме запозна по дуетот со Војаж“

„Артистите што се на „Фиеста“ ми се драги пријатели и секогаш расположени за музика. Се споивме сосема случајно кај мене во студио за дружба и песната настана спонтано“, вели Јосиф, нашиот музичар кој последниве неколку месеци привлекува сè поголемо внимание.

josif-nov-milenik-na-tinejdjerkite-publikata-me-zapozna-po-duetot-so-vojazh-01.jpg

Јосиф Ристовски во музичкиот свет кај нас е познат едноставно како Јосиф. Овој 27-годишен скопјанец, освен што професионално се занимава со музика, имам завршено и архитектонски факултет.

Но, музиката од поодамна е на неговата листа на приоритети, па покрај соработката што ја имаше со Лара Иванова, тој е музичарот кој стои зад летниот хит „Фиеста“, а неодамна ја промовира и песната „Магичен свет“.

И сето ова беше доволно за Јосиф да стане еден од милениците на тинејџерките.

josif-nov-milenik-na-tinejdjerkite-publikata-me-zapozna-po-duetot-so-vojazh-10.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, Јосиф ни откри неколку работи за себе и својата кариера:

Стана препознатливо име во нашиот музички свет, особено по дуетот со Лара и хитот „Фиеста“, кај што собра голем дел од естрадата на едно место. Но, како и кога почна твојата музичка приказна, колку долго се бавиш со оваа професија и што сметаш дека е твој најголем музички успех досега?

Со музика се занимавам од кога знам за себе, но тој детски сон ми стана професија по влегувањето во Урбан рекордс.

Првиот сериозен успех и момент кога осетив сериозен фидбек и внимание од публиката беше по вадењето на песната Vybe, во дует со Војаж.

josif-nov-milenik-na-tinejdjerkite-publikata-me-zapozna-po-duetot-so-vojazh-07.jpg

„Фиеста“ стана вистински летен хит. Како успеа да ги собереш сите музичари на едно место? Дали имаше уште некој што го покани, но одби да учествува во проектот?

Артистите што се на „Фиеста“ ми се драги пријатели и секогаш расположени за музика, така што не беше никаков проблем да се собереме.

Заедничката песна не ни беше во план - се споивме сосема случајно кај мене во студио за дружба, а „Фиеста“ настана така спонтано (неизбежно е со толку таленти на едно место).

На првата сесија ни фалеше само Илчо од „Дупер“, ама потоа го додадовме.

josif-nov-milenik-na-tinejdjerkite-publikata-me-zapozna-po-duetot-so-vojazh-09.jpg

Тешко ли е да се направи спој со толку многу музичари одеднаш, а песната ем да звучи светски, ем да го долови сензибилитетот на секој од нив?

Искрено, иако енергијата беше на место и завршивме голема работа првата сесија, не беше едноставно да се аранжираат толку вокали и да се напише толку текст, за тоа звучи слеано и приказната да се надоврзува.

josif-nov-milenik-na-tinejdjerkite-publikata-me-zapozna-po-duetot-so-vojazh-08.jpg

За оние што не те знаат, како би се опишал - што те окупира освен музиката, каков си приватно, како сакаш да ги минуваш деновите, каква музика слушаш?

Полн сум со енергија и нон-стоп сакам да се случува нешто.

Иако последниве 2 години сум целосно посветен на музика и таа ми зазема 70% од времето, многу сакам да тренирам (преферирам street workout), да запознавам нови личности истражувам нови места, а тоа оди правопропорционално со музиката. Ние артистите сме нон-стоп гладни за инспирација.

А да, обожавам и луди железници.

Инаку, за тоа каква музика слушам, гледам што поопширно и не се ограничувам жанровски бидејќи од сегде црпам инспирација. Но, омилен артист ми е The Weeknd.

josif-nov-milenik-na-tinejdjerkite-publikata-me-zapozna-po-duetot-so-vojazh-06.jpg

Неодамна ја промовираше песната „Магичен свет“. Освен што си ја направи сам песната, сам си го режираше и спотот. Како изгледа тоа да си „one man show“ и да ги земеш конците во раце за сè?

Ништо не ми беше тешко околу „Магичен свет“, бидејќи уживав во процесот!

Тоа ми е еден од подрагите проекти, бидејќи е прв кој е испродуциран комплетно од моја страна - од музика до видео. А мислам и дека завршив одлична работа.

Кој не слушнал и видел брзо на Јутјуб!

josif-nov-milenik-na-tinejdjerkite-publikata-me-zapozna-po-duetot-so-vojazh-11.jpg

Кои ти се следните планови? Макфест можеби или не те привлекуваат фестивалите?

Следно е да го довршам албумот, имам три многу сериозни песни кои следат, па сакам да им посветам внимание како што треба.

Едната од нив ја пријавив на Макфест и мислам дека ќе беше измислена за таму, но ме одбија…

Почит за тоа што го прават, но мислам дека згрешија.

josif-nov-milenik-na-tinejdjerkite-publikata-me-zapozna-po-duetot-so-vojazh-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вера Мештеровиќ за стилот и убавината: „Одам на масажа двапати неделно, и во зима користам SPF50“ „Долго време не внимавав на исхраната, но ми се појави интолеранција на лактоза,...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Успешни Македонци во светот: Лина Ѓорчева компонира филмска музика и работи со најголемите имиња во ... „Во Лос Анџелес го снимав моето ново филмско музичко дело, Spectrum со оркестаро...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...

Најчитани неделава