Силвана од Скопје прави рачни изработки од гипс: „Почнав за свој мерак, но другарка ме пофали, па сега имам мал бизнис“
- Детали
- четврток, 01 мај 2025
„Првиот обид за рачна изработка од гипс? Катастрофа. Меурчиња, гребнатини, цел гипс се распадна кога се обидов да го извадам. Но, се насмеав од срце, затоа што повторно се почувствував како дете што си игра“, ја започнува својата приказна Силвана Аврамовска Софронијоска (31) од Скопје за CRNOBELO.com.
Силвана Аврамовска Софронијоска (31) од Скопје, по професија е правник, но од своето хоби спонтано си направила мал бизнис (@Катче).
Таа со многу љубов прави изработки од гипс.
Првенствено почнала за да го украси својот дом, а потоа спонтано, откако добила комплимент од пријателка за работата, почнала да се занимава со ова посериозно.
За својот мал бизнис таа споделува за CRNOBELO.com:
„Јас уште како мала сум била многу креативна. Секогаш нешто си цртав, лепев, сечев. правев украси од ништо и се радував како дете (а и бев, реално).
Таа креативност никогаш не ме напушти - само порасна со мене.
Првиот обид? Катастрофа. Меурчиња, гребнатини, цел гипс се распадна кога се обидов да го извадам.
Се насмеав. Баш од срце. Ама тој момент ми значеше, затоа што повторно се почувствував како дете што си игра.
И не за да импресионирам некого, туку само заради себе.
Си сакам да си украсувам во домот според сезоната, па така некако природно, почнав да експериментирам. Со форми, со бои, со техники. На почетокот фрлав неколку фигури поради пукања или меурчиња, ама секогаш се враќав со уште поголема упорност.
Почнав да си правам мали фигурички и ги оставав на работната маса или на клуб масичката, чисто за свој мерак.
Еднаш ми дојде другарка и ми вели: „Ова го имаш правено ти? Па, ова е преслатко! Може ли да си земам едно?“
И ете, така почна. Без стратегија, без голем план. Само со срце и гипс. Луѓето почнаа сами да си ги бараат.
Некој сакаше свеќник за романтични вечери, друг си порача вазна за суво цвеќе. Секој наоѓаше нешто свое во нив, а јас, пак, си го најдов својот мир додека ги правам.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





