Сашка 42 дена изработува перики за 7 девојки од настраданите во пожарот од Кочани - доказ дека човечноста живее
Силата и мотивацијата која што ми ја дадоа тие девојчиња е нешто кое што не може да се купи со пари.
Желбата да работам без престан за повторно тие девојки да излезат во јавноста беше поголема од сè друго... и успеав!
Наскоро, односно за 7 работни денови, овие девојчиња ќе имаат перики, кои што лично ќе им бидат однесени и на секоја поединечно ќе ѝ биде дадена.
Периките ќе се носат сè додека девојките не закрепнат целосно.
Во овој минлив и краток живот, да не заборавиме да бидеме добри луѓе и да правиме добри дела, бидејќи нема поголема награда од тоа да си причина за нечија среќа“.
Прочитајте и Сашка, хумана кавадарчанка: „Една перика изработувам цел месец, сум донирала и на 7-годишно девојче болно од рак“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





