Браво! Македонка нацрта 8 мурали на трговски центар во Охрид - качена на скеле од 6m го победи стравот од висина
Поради различната поставеност на секој ѕид, скелето мораше постојано да се расклопува и повторно да се монтира, што значително го забавуваше процесот на изработка.
А и исто така најмногу време се губеше токму во моментите на преместување на скелето, секој пат кога требаше да се продолжи со следниот дел од муралот, одев неколку чекори назад за да ја видам целината, па повторно го приближував, скелето го местев прецизно, коригирав детали…
Тој постојан циклус на оддалечување, оценување и прилагодување го успоруваше процесот, но беше неопходен за прецизна реализација.
По враќањето во Скопје, инспирацијата не престана. Навистина добро се совпаднаа боите во просторот, па не беше доволно да остане само на еден мурал.
Проектот доби нова динамика, следуваа уште два мурали, дел по веќе утврдена скица, дел со слободен израз.
Бев веќе длабоко влезена во својот творечки свет, водена од веќе препознатливиот стил кој се вклопуваше со карактерот на просторот.
Релацијата Скопје-Охрид никогаш не ми изгледала пократка, секое патување беше исполнето со возбуда и исчекување.
Го гледав трговскиот центар како жив организам, разигран, исполнет со бои и енергија. Тоа беше клучот на мојата уметничка среќа.
Со петтиот мурал се роди чувството дека секој празен ѕид заслужува да стане дел од визуелната приказна. И така, едно по едно, дојдовме до осум мурали.
Последниот го завршив со „очи на пола копје“, како што би рекле, но со срце широко отворено.
Реакцијата на публиката, нивната воодушевеност, ми беа најголемата награда. Тие ми дадоа поттик да продолжам со уште поголема љубов и мотивација кон уметноста.
На крајот доаѓа најслаткото кога си реков: „Вредеше што не се откажав уште на почетокот“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





