Браво! Македонка нацрта 8 мурали на трговски центар во Охрид - качена на скеле од 6m го победи стравот од висина
- Детали
- вторник, 03 јуни 2025
„Тоа беше мое прво искуство со работа на голема висина и со стоење на двојно скеле од околу 6 до 7 метри височина. Но, љубовта кон уметноста ми велеше храбро да си речам: ‘Кажи збогум на стравот’. Првиот мурал, со површина од 20m², го завршив за два дена. Следеа други, по 19m², 24m², 14m² итн.“, споделува Љиља (26) за CRNOBELO.com.
Љиља (26), под уметничко име Електра, е дипломиран академски сликар на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во моментов е пред магистрирање, како магистранд по сликарство на истата институција.
Покрај сликарството, Љиља активно работи како фотограф, учествувала на бројни уметнички проекти, изложби и културни настани, но вели дека нејзината најдлабока, исконска љубов отсекогаш било сликарството.
Таа вели дека во иднина посебно ќе се сеќава на еден неодамнешен поголем проект, на којшто работела со голема возбуда и страст, а тоа е цртањето на трговскиот центар „Охрид мол“ во Охрид.
Љиља за CRNOBELO.com го раскажа целиот процес на реализација:
„Сè започна кога ме иконтактираа за изработка на мурал на еден ѕид, сместен на мошне незгодна позиција.
Просторот беше тесен, опкружен со ескалатори, што бараше импровизација и внимателно поставување првично на табли, па врз нив скеле.
Тоа беше мое прво искуство со работа на голема висина и со стоење на двојно скеле од околу 6 до 7 метри височина.
Но, љубовта кон уметноста ми велеше храбро да си речам: ‘Кажи збогум на стравот’.
Кога се искачив, сфатив дека од доле сè изгледа многу полесно. Скелето имаше две нивоа, а од внатрешната страна имаше прозорец преку кој безбедно се преминуваше на горниот кат.
Боите ги мешав однапред, долу, а потоа ги качував на првото ниво, па од таму се обидував да допрам на второто ниво со рацете и странично ги туркав боите до самата средина на таблата, внимателно ги распоредував и така продолжував нагоре да се искачувам по страничните скали.
Со самото започнување, потполно се препуштив на процесот. Висината ја заборавив, сè исчезна, освен ѕидот пред мене.
Првиот мурал, со површина од 20m², го завршив за два дена. Следеа други, по 19m², 24m², 14m² итн.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





