Шеф Никола за трансформацијата од -30kg: „Не можев да се тркалам со децата, ми сметаше и кога се наведнував да врзам патики“
Колку пати помисливте да се откажете? И што/кој ви беше поддршка?
Искрено? Стотици пати. Ама секогаш кога ќе сакав да се откажам, ќе ги погледнев децата.
Сакав да бидам пример. Сакав да бидам здрав за нив. Тие ми се најголемата мотивација.

Дали тренирате секој ден и по колку време?
Секој ден по минимум 1 час. Без изговори. Тоа е моето време. Моја борба. Мој ритуал.

Како си дозволивте да стигнете до 116kg?
Несвесно. Комбинација од стрес, ноќна работа, дегустации и недостиг на дисциплина.
Си викав „ќе почнам од утре“. Епа утре дојде - и не престана.

Дали јадевте многу или поради стрес? Кога јадевте најмногу и што?
Да, имаше и стрес и лошо јадење. Кога си уморен, најлесно ти е да се наградиш со нешто слатко или мрсно.
Но тоа не е награда - тоа е казна што доаѓа подоцна.
А јадев ноќе, после работа. Сè што ќе ми се најдеше - тесто, благо, месо. Тоа беше најголемата грешка.

Како се чувствувате денес, полесен за 30 килограми?
Како да сум извадил ранец со камења од грб. Полесен сум, побрз, помотивиран.
Имам енергија и за семејство и за работа и за вежбање. Се чувствувам жив.

Дали си поставивте лимит - килажа до која ќе пробате да стигнете?
Да. Сакам да стигнам до 82–83kg и таму да се стабилизирам.
Ама фокусот не е само на килажа, туку на кондиција, сила и здравје.

Совет за луѓе кои се во слична ситуација како вие пред неколку месеци?
Не чекај утре. Почни денес. Ти си својата најголема пречка и своја најголема мотивација.
Ако јас можев - секој може. Само треба вистинска причина и волја.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
