Љубовната приказна на Едо Мобeликс и Далила од Скопје: „Oд Фејсбук контакт до свадба со 400 гости“
- Детали
- понеделник, 28 јули 2025
„Нашата приказна започна во 2013, но, животот нè однесе на различни страни. Потоа, таа беше во Швајцарија, јас во Скопје. И еден ден ѝ реков: 'Утре доаѓам само на кафе и се враќам назад'. Се смееше. Не веруваше. А јас? Со карта во џеб, и качен во авион. Но, летот беше откажан поради замрзната писта. Не стигнав...“, вели Eдо Мобeликс (40) за CRNOBELO.com за љубовта со Далила.

Eдо Мобeликс (40) и Далила (31) од Скопје се во брак од 2018 година и заедно ги имаат синовите Кан (7) и Дин (4).
Парот ужива во љубовта, а омилено им е што двајцата ја делат страста кон спортот, па постојано тренираат заедно.
Едо споделува детали за нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:
„Нашата приказна започна сосема обично - преку неколку пораки на Фејсук во 2013 година.
Разговорите беа спонтани, симпатии се раѓаа, но тогаш не бев спремен за сериозна врска. Бев млад, фокусиран на спортот, а срцето ми беше побрзо од мислите.

Таа, Далила, беше потполна спротивност. Зрела, со став, стабилна… девојка што ја чувствуваш уште од првиот состанок.

Но, животот нè однесе на различни страни. Јас заминав на одмор, а нашата врска остана на пауза.

Поминаа години. А, потоа, во 2017-та, на мојот роденден ми прати честитка.
Едно едноставно „Среќен роденден“ запали искра што веќе не се изгасна. Почнавме да се слушаме секојдневно, да зборуваме длабоко, искрено и без маски.

Таа беше во Швајцарија, јас дома. И еден ден ѝ реков:
„Утре доаѓам само на кафе и се враќам назад“.

Се смееше. Не веруваше.
А јас? Со карта во џеб, и качен во авион.
Но, летот беше откажан поради замрзната писта. Не стигнав.

И, сепак, тоа кафе што никогаш не го испивме ѝ го стопли срцето.
Кога се врати, се сретнавме веднаш. Почнавме врска, и како што велат – кога знаеш, знаеш.


Од фитнес до фамилија
Спортот е мојот начин на живот. Од 7 години вежбам без прекин – гимнастика, кик-бокс, кросфит, мотокрос, скокање со падобран…
Дисциплината ми е во крвта. Но, ништо не вреди ако немаш со кого да ја споделиш таа посветеност.
Сега, имам 40 години и денес со Далила (31) функционираме како тим. Заедно ги носиме децата Кан (7) и Дин (4) во училиште и градинка, па веднаш потоа заедно вежбаме.
Во нашиот дом нема брза храна, но има многу љубов и активен дух.

