Цеце Тодосовска за стилот и убавината: „Не размислувам за ботокс, не бројам калории, но се трудам да се хранам здраво“
Начин на исхрана
„Да бидам искрена, не бројам калории и не внимавам нешто премногу, но од друга страна гледам да јадам здраво.
Појадокот ми е задолжителен, јас сум од оние луѓе што сакаат да јадат брзо откако ќе се разбудат наутро, едноставно телото ми бара.
Преку лето не можам да одолеам на сладоледите, нормално, па гледам колку може тоа да е контролирано.
Инаку, мое и на сопругот, омилено јадење е бурито, со мелено месо со домашни тортиљи направени од свекрвата, така што тоа често знае да биде на менито во нашата домашна кујна.


Фитнес и спортување
Веќе неколку години не вежбам редовно и во континуитет, за жал.
Планинарењето и прошетките во природа сè уште ни се фамилијарно омилени и веројатно да, помагаат за одржување на кондицијата.
Но, во последно време, може да кажам дека секојдневно трчам по децата кога возат велосипеди и тротинети, па ете, така изгледа мојот дневен тренинг“.


©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело