Христина Пан за родното село Слепче: „Го обожавам, со сопругот направивме викендичка таму, за ќерките да имаат детство како моето“
Реалноста е дека слободата, времето што го поминуваме тука, чистиот воздух, часовите што течат многу побавно ги нема никаде на друго место.
Откако го завршив основното училиште, практично не живеам тука, посебно откако започнав со факултетот во Скопје и се преселив таму. Но секогаш се враќам тука, тука сум ДОМА.

И додека одговорам на овие прашања сум во Слепче, надвор е темно, на небото има полно ѕвезди и ги слушам само штурците како свират... Тука ги полнам батериите.
Посебно сум среќна што и мојот сопруг уште првиот пат кога дојде во Слепче се заљуби на прв поглед и тој беше иницијатор да направиме викендичка тука.

Малечка куќичка од дрво и камен каде што секогаш ќе може да избегаме.
Често сега знае тој да ми вика „Ајде да одиме во Слепче“.

А кога грижите и проблемите сакаат да надвладеат со вас, тука постои едно место каде што ќе најдете мир и спокој, манастирот Свети Јован Претеча, тука благодатта Божја се чувствува околу вас...

Еден од најстарите и најубави манастири, а за мене буквално најубав.
Доколку не сте го посетиле ставете го на список, а за да дојдете до него, мора да дојдете и во Слепче“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело