Филип Митовски (26) е козар и земјоделец: „Имам 150 кози, станувам во 6 часот наутро за да ги измолзам“
Најтешките предизвици во земјоделството што ги имам се временските непогоди, градот, доцните мразеви и големите суши.

Во иднина имам желба за проширување на бизнисот со поголеми површини на посеви и со зголемување на бројот на кози.

Ова е семеен бизнис на моите и на мене. Инаку, за козите тие се задолжени малку повеќе, а јас повеќе во земјоделството и имаме обострано помагање.
Одгледувам и цвеќе далија, кое го краси мојот двор и бавча. Тоа е прекрасно цвеќе кое не бара многу нега, а цвета многу.
Цвеќето го сакам откако знам за себе и одгледувам повеќе од 30 врсти на далија“.









©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело