Драгана Бебекоска за родниот крај: „Во Вевчани како деца игравме кришмиш, сакам и ќерка ми да има детство како моето“
Како деца со голема возбуда се маскиравме, а убаво е што и денес традицијата продолжува – сè уште се маскираме и со радост учествуваме во веселбата.
Од осумгодишна возраст сум дел од играорната и до ден денес сум активен член.

Со години работев со различни групи и најмногу ми беше радост да вежбам и со најмалите деца, пренесувајќи им ја љубовта кон играта и фолклорот.
Вевчани е познато по КУД „Дримкол“, културно-уметничкото друштво кое ја претставува нашата традиција и ја носи приказната на Вевчани далеку надвор од границите на Македонија.
Вевчани не е посебно само по традицијата и луѓето, туку и по својата природа. Имаме прекрасна планина, свежо зеленило и едни од најубавите извори во Македонија – вевчанските извори.

Сето тоа го прави секојдневието мирно и полесно, а истовремено полно со живот.
Како средношколци и студенти, Вевчани ни беше центар на дружби и забави. Имавме многу журки и собирања кои го обележаа тоа време и оставија прекрасни спомени.

Денес, Вевчани за мене не е само место на живеење, туку и начин на живот – спој на традиција, природа и заедништво, нешто што ретко каде може да се најде.
Затоа, колку и да одам по светот, колку и да посетувам нови земји и градови, секогаш со радост се враќам дома – во Вевчани.

Вевчани е мојот дом, мојата љубов и мојата приказна“.
Прочитајте и Лиде Стојановска за родниот град: „Како деца во Кратово им се восхитувавме на светулките, беревме шумски јагоди, јадевме пастрмајка“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
