Лиде Стојановска за родниот град: „Како деца во Кратово им се восхитувавме на светулките, беревме шумски јагоди, јадевме пастрмајка“

„Покрај средновековните кули, под старите борови, времето тече поинаку, пополека и без брзање. Ах, спомените од детството - првите пикници во селото Туралево, восхитувањето на светулките (како што ние ги викавме „свитки-литки“). Кратово е моето постојано враќање. Град на моето семејство, на мир, на спомени, на убавини“, вели Лиде Стојановска (34), туристички водич oд Кратово.

lide-stojanovska-za-rodniot-grad-kako-deca-vo-kratovo-im-se-voshituvavme-na-svetulkite-berevme-shumski-jagodi-jadevme-pastrmajka-01.jpg

Лиде Стојановска (34) oд Кратово работи како туристички водич во Македонија веќе 13 години, а за својот роден град вели дека го обожава и дека најголемо задоволство ѝ претставува кога им го покажува на туристите.

Иако, сега најчесто е во Скопје, Охрид и на пат поради нејзините работни обврски, сепак, секој слободен миг едвај чека за да се врати таму.

Инаку, таа е дипломиран преведувач и толкувач на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, по англиски, француски и шпански јазик, а има магистрирано на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. 

На прашањето „Зошто го сака Кратово?“, Лиле за CRNOBELO.com вели:

„Затоа што тој не е само мој роден град — тој е мојата приказна, мојата инспирација, мојот живот.

Сè започна во калдрмисаните улички покрај средновековните кули, под старите борови, каде времето тече поинаку, некако пополека и без брзање.

lide-stojanovska-za-rodniot-grad-kako-deca-vo-kratovo-im-se-voshituvavme-na-svetulkite-berevme-shumski-jagodi-jadevme-pastrmajka-12.jpg

Секоја прошетка низ градот ми буди спомени на детството - на првите пикници во селото Туралево, пеењето на птиците, восхитувањето на светулките (како што ние ги викавме „свитки-литки“).

lide-stojanovska-za-rodniot-grad-kako-deca-vo-kratovo-im-se-voshituvavme-na-svetulkite-berevme-shumski-jagodi-jadevme-pastrmajka-03.jpeg

Спомените од училиштето и моето Царина маало, бербата на шумски јагоди во блиската шумичка, смеењето со друштвото и семејството покрај многубројните рекички и поточиња во градот и во селата, како да сме на крајот на светот како што вели една приказна, а всушност – на најубавото место на светот.

lide-stojanovska-za-rodniot-grad-kako-deca-vo-kratovo-im-se-voshituvavme-na-svetulkite-berevme-shumski-jagodi-jadevme-pastrmajka-08.jpeg

Кулите на Кратово - Саат кулата, Симиќевата, Крстева, стојат гордо како сведоци на векови, а камените мостови ни беа игралишта, но и првите лекции по историја.

Оттаму тргна и мојата љубов кон културното наследство – љубов што денес ја преточив во професијата туристички водич.

lide-stojanovska-za-rodniot-grad-kako-deca-vo-kratovo-im-se-voshituvavme-na-svetulkite-berevme-shumski-jagodi-jadevme-pastrmajka-05.jpeg

Со восхит и денес се сеќавам на вкусот на првиот тост од сендвичарница „Сара“ - нешто толку едноставно, но толку незаборавно. Или првата пица во ресторанот „Александрија“ - ниеден вкус потоа не можеше да го замени и сè уште не може.

А пастрмајката, топлиот леб со сирење и буковец, домашните домати од нашата градина - тие се вкусот на мојата душа, вкусот на КратовСе сеќавам и на првото ЦД што го позајмивме со филмот „White Chicks“, смеата, дружењето, чувството дека светот е отворен за нас. Или на првиот текст што го напишав на компјутер во Радио Кратово, првата детска емисија што ја водев, моите први чекори во медиумите.

lide-stojanovska-za-rodniot-grad-kako-deca-vo-kratovo-im-se-voshituvavme-na-svetulkite-berevme-shumski-jagodi-jadevme-pastrmajka-10.jpeg

Заљубена во кратовската природа, на само 18 години го реализирав првиот самостоен проект со Македонското еколошко друштво — „Еколошки фотографии од Осоговските Планини“.

Уште како ученик учествував во организираните акции за уредување на мини-градскиот парк „Карши Бавча“ преку проект на граѓанската организација на татко ми, а младите од Кратово се собираа, дружеа и градеа заедница во време кога тоа беше вистинско богатство.

lide-stojanovska-za-rodniot-grad-kako-deca-vo-kratovo-im-se-voshituvavme-na-svetulkite-berevme-shumski-jagodi-jadevme-pastrmajka-02.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мила одгледува шумски јагоди: „Се вљубив во вкусот, си зедов коренче и засадив во саксија на тераса ... Од прошетка во Берово каде се вљубила во нивниот вкус, преку садење коренче во с...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
„Учев на свеќи, во контакт сум со биолошката мајка“: Марија од Пехчево порасна во СОС Детско село - ... „Би лажела ако кажам дека целото мое детство било тешко, иако подоцна стана. Жив...
Инспиративна жена: Маја Ацески - бизнисменка, мајка на 3 деца и дама со впечатлив моден стил „Кога работиш во светот на текстилот и модата, на ваков или онаков начин, неизбе...
Раде од Скопје одгледува малиноа кучиња: „Се користат за барање дрога или одбрана во специјални едни... „Секогаш ги советувам луѓето да не земаат миленик, доколку стварно немаат желба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg