Ивана Стојановска е дама со префинет стил - работи како социолог во училиште и изработува накит од мерино волна (фото)
Јас сум човек што верува во храброста да се создава и да се следи својата страст.

Пред пет години, од љубов кон креативноста и со желба да оставам свој печат, ја започнав и приказната Woolloow – мојот свет на накит и украси од мерино волна.

Секој производ е дел од мене, изработен со многу љубов и внимание, а секоја нова колекција носи своја приказна.

Најголема радост ми е кога моите креации ќе донесат насмевка и ќе ги разубават секојдневието на луѓето.

По пет години, Woolloow прераснува во вистински бренд – симбол на посветеност, рачна изработка и креативност, инспирирана од малите нешта што нè радуваат.

Мојот моден стил е креативен и ја носи мојата индивидуалност – секое парче што го носам или создавам содржи дел од мојата приказна.

Сакам да комбинирам различни текстури, бои и детали, да внесам интересни додатоци и да создадам комбинации кои се уникатни и инспиративни.

Женственоста и самоувереноста се секогаш присутни, но мојот стил е и практичен – нослив за секојдневие, со слобода да експериментирам и да ја изразам својата индивидуалност.

