Ања Јолакоска, девојката што инспирира генерации танчари: „Нема невозможно кога нешто сакаш доволно силно“
Како според тебе оваа победа ќе влијае врз развојот на танцот/уметноста во Македонија?
Имаме развиена и успешна танцова сцена на нашите простори. Како ќе влијае оваа победа? Се надевам... позитивно.
Противници може да сме на сцена, но успех е нешто за кое треба да се радуваме заеднички. Особено ми е мило што ова е голем, а масовен успех за државата на кој може да се радуваме сите. Искрено, не би се гордеела на ништо повеќе од овој на 58 насмеани лица.
,,Денес направивме 58 деца горди на самите себе” - е првото нешто кое си го кажав по победата.

Што ти дава најголема енергија за време на подготовките?
Желбата да бидам подобра од себе секој ден. Моето семејство, пријателите и учениците дефинитивно. Тој еден далечен ,,сон” и прашањето како до него, верувале или не ме будат секој ден
Имаш ли некој ритуал пред настап?
Ритуал немам, единствено што сакам е да заспијам во екстра средена соба дента пред да настапувам, со се друго сум океј.

Што правиш за да се опуштиш после натпревар?
Веројатно може да ме најдете на долга дискусија со тимот околу настапот и добра храна, потоа на шопинг и еден 10 часовен сон.

Што е следното големо нешто за тебе — кои се твоите цели и соништа?
Ова прашање ќе оставам да се одговори само по себе, страв ми е да зборувам за соништата и целите, огромни се. Времето ќе покаже, но со сигурност знам дека секојдневно ќе работам кон остварување.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива