„Понекогаш одморот е поважен од тренингот“ – интервју со д-р Димитар Милошески од „МС Спорт Медика“

Во време кога активниот начин на живот станува тренд, а фитнес-салите, трчањето и рекреативниот спорт се дел од нашето секојдневие, сè почесто се поставува прашањето – дали навистина знаеме како правилно да спортуваме?

ponekogas-odmorot-e-povazen-od-treningot-intervju-so-dr-dimitar-miloseski-01.jpg

Спортската медицина одамна не е резервирана само за професионалните спортисти, туку за секој оној што сака здраво, безбедно и долгорочно да остане активен.

Од неодамна во Скопје е отворена нова ординација по спортска медицина „МС Спорт Медика“, предводена од др. Димитар Милошески – Мики, кој ќе ни даде одговори како да го слушаме сопственото тело и да ги избегнеме најчестите грешки при спортување.

Што е спортска медицина и дали таа е важна само за професионалните спортисти?

Спортската медицина е гранка која се занимава со дијагностика, увид во физичката подготвеност на спортистот, како и превенција од повреди при спортување. Таа е наменета не само за професионални спортисти, туку буквално за секој оној што сака да се занимава со спорт, без разлика на возраста.

ponekogas-odmorot-e-povazen-od-treningot-intervju-so-dr-dimitar-miloseski-02.jpg

Од што се состои спортскиот преглед?

Постојат два вида спортски преглед: основен спортски преглед и спортски преглед со стрес-тест. Прегледот опфаќа мерење на висина, тежина, БМИ – индекс на телесна маса, спирометрија – проценка на капацитетот на белите дробови, ЕКГ-запис, аускултација, лабораториски анализи и преглед кај доктор.

Како да препознаеме дека му даваме премногу оптоварување на телото при спортување?

Телото секогаш ни испраќа сигнали за нашата состојба – постојан замор, болки, грчеви, нарушен сон и намалена мотивација се многу јасни знаци дека е потребна пауза.

Игнорирањето на овие симптоми речиси секогаш води до хронични повреди, па затоа јас често велам дека одморот од тренинг или натпревар понекогаш е поважен од самиот тренинг.

ponekogas-odmorot-e-povazen-od-treningot-intervju-so-dr-dimitar-miloseski-03.jpg

Дали болката по тренинг е знак дека не сме вежбале како што треба или дека сме претерале?

Не секогаш. Лесна мускулна болка е честа појава кај почетници, но интензивна или долготрајна болка не е добар знак. Вежбањето не треба да биде страдање.

Затоа тренинзите треба да се дозираат во зависност од типот на спортот, возраста на спортистот, колку долго тренира и неговите цели. Во овој процес особено е важна едукацијата и соработката на тренерите со докторите и физиотерапевтите околу правилната „доза“ на тренинг.

ponekogas-odmorot-e-povazen-od-treningot-intervju-so-dr-dimitar-miloseski-04.jpg

Колку е важна исхраната во процесот на тренинг и спортување?

Исхраната е основа за енергија, опоравување и целокупно здравје. Не постои универзален режим, бидејќи секое тело, секој спортист, па дури и секоја позиција во екипните спортови има различни потреби.

Комбинацијата од балансирана исхрана и правилно распределени оброци е најдобриот избор. Внесувањето протеини, здрави масти, доволно течности, како и шеќери правилно распоредени во текот на денот, дава значителни спортски резултати.

ponekogas-odmorot-e-povazen-od-treningot-intervju-so-dr-dimitar-miloseski-08.jpg

Кој е најчестиот мит поврзан со вежбањето и здравјето?

Дефинитивно митот за целосно исфрлање на шеќерите од исхраната и верувањето дека „повеќе е секогаш подобро“. Шеќерите во телото се како бензин во автомобил – телото прво нив ги користи, затоа е добро да се внесуваат пред тренинг, натпревар, па дури и за време на натпревари.

На пример, атлетичарите, а и јас како аматер кој трча полумаратони, внесуваме шеќери за време на трките, што дополнително дава сила и енергија. Истото важи и за полувремињата на фудбалските, ракометните и другите екипни спортови.

ponekogas-odmorot-e-povazen-od-treningot-intervju-so-dr-dimitar-miloseski-06.jpg

Од друга страна, често се среќавам со случаи на „burnout“ синдром, односно прегорување на организмот поради недоволно дозирани или прекумерни тренинзи. Квалитетот на тренингот, а не количината, е клучот за долгорочни резултати и здраво тело.

За крај, што им препорачувате на сите што се занимаваат со спорт?

Најважно е да го слушаат сопственото тело и да не ги игнорираат сигналите што им ги испраќа. Спортот и физичката активност треба да бидат извор на енергија, здравје и задоволство, а не причина за болка и исцрпеност.

ponekogas-odmorot-e-povazen-od-treningot-intervju-so-dr-dimitar-miloseski-10.jpg

Со правилен пристап, редовен одмор, соодветна исхрана и стручна поддршка кога е потребно, секој може долгорочно и безбедно да ужива во спортувањето. Здравјето секогаш треба да биде на прво место – резултатите се неизбежни.

Би можело да ве интересира:

Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...
Бомбакис почна нова сезона со подкастот во автомобил: „Сакам да се повозиме со Каролина Гочева, мака... „Најзабавна епизода до сега ми е со Нине - детето од рекламите, зашто децата сек...
Петре Мијалков, наш мото-шампион: „При пад скршив дланка и имав операција на ногата - по 4 дена отид... „Овој спорт е еден од најскапите. Една сезона, дури и без падови и сериозни проб...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...

Најчитани неделава