Успешни Македонци низ светот: Даниела Настеска работи на откривање лек за дијабетес во Оксфорд

Кои беа најголемите предизвици со кои се соочуваш(е) на тој пат?

За многу од нас надвор од Македонија, најголемиот предизвик е патеката што се вика Мe against the world (Јас против целиот свет).

Патека којашто се изодува во сопствено друштво, под сопствено водство, каде секој чекор те носи во непознатото, и со битки кои се случуваат попатно, без најава, и кои ги биеш како знаеш и умееш, затоа што знаеш дека напред е единствената опција за тебе и затоа што освен битките и непознатите километри, патот е прекрасен и те прави подобар човек.

Во пракса, културните (и јазични) разлики беа најтешки да се совладаат.

Јапонија беше целосен шок за системот, свет обратен од нашиот, дури и во буквална смисла, каде што книгите се читаат од последна до прва страница, а се пишуваат вертикално, не хоризонтално, редот е од десно кон лево, македонската ноќ е јапонски ден, а тишината заменува илјада зборови.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-daniela-nastevska-raboti-na-otkrivanje-lek-za-dijabetes-vo-oksford-06_copy.JPEG

Белгија беше навидум поблиска до Македонија, но тотално различна во поглед на вредности и морални норми, со насмевки кои кријат незнаење и врева која покрива непомирливи национални разлики.

Велика Британија беше точка на ресет и поле за тестирање на сите мои вештини совладани претходно.

Тука научив како да кажеш ‘не’ во 1001 учтива варијанта, како да го почитуваш соговорникот, особено кога не се согласуваш со него, како да уживаш во дождот и како да преживееш садови кои не се плакнат со чиста вода, туку се цедат со сапуница и храна на нив пред наредна употреба.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-daniela-nastevska-raboti-na-otkrivanje-lek-za-dijabetes-vo-oksford-05_copy.JPEG

Дали науката денес е блиску до пронаоѓање терапија што би овозможила целосно лекување на дијабетесот, а не само негово контролирање?

На кратко и за жал, не сме блиску до наоѓање целосен лек.

Но контролата врз болеста која денес се постигнува, особено во развиените земји, е вредна за восхит, затоа што овозможува долг и квалитетен живот на луѓето кои ја имаат.

Пред само 100 години, дијагнозата на дијабет била смртна пресуда, посебно за децата.

Денес, луѓето со дијабет живеат со телесни сензори кои ги информираат постојано за нивоата на шеќер во крвта, носат телесни пумпи кои ослободуваат инсулин, најважниот хормон за регулација на крвниот шеќер, слично како здрав организам, добиваат трансплантации на микро-органи кои лачат инсулин, добиваат нутриционо образование и доколку имаат голема телесна маса, може да се боцкаат со инјекции кои го намалуваат апетитот и телесната тежина.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-daniela-nastevska-raboti-na-otkrivanje-lek-za-dijabetes-vo-oksford-03_copy_copy.JPEG

Од научно-истражувачки аспект, ние сме секој ден се поблиску до создавање на органи во лабораторија кои потекнуваат од болниот човек и можат во иднина да го заменат оштетениот орган.

За жал, ова идилично сценарио постои само во земјите од ‘првиот свет’, т.е. богатите земји.

Затоа, најголемиот предизвик за луѓето со дијабет не е конечен и единствен лек, затоа што таков нема за болест која го засега целото тело, туку пристапот до врвна здравствена заштита.

Болеста ќе ја победиме само кога секој човек со дијабет во Македонија, Франција, Уганда или Јапонија ќе ја добие здравствената грижа којашто му треба и што ја заслужува.

Како Македонка која работи во водечки светски институции, што би им порачала на младите научници од Македонија кои сонуваат за меѓународна научна кариера?

Бидете смели да сонувате, верувајте во сопствените способности и верувајте дека во светот постојат прекрасни луѓе и земји кои ќе веруваат во вас и ќе ве поддржат да го остварите својот сон.

Македонија денес е поотворена од секогаш - европската мрежа за размена на студенти Еразмус ја вклучува и Македонија.

Такви додипломски студиски престои овозможуваат скапоцени контакти со научни лаборатории во Европа кои може да се искористат после дипломирањето.

Многу универзитети низ светот доделуваат стипендии за постдипломски студии, а македонските студенти имаат право да аплицираат.

Ќе ја споменам повторно и јапонската влада која што и сега доделува стипендии на македонски студенти преку истата програма која што јас ја искористив.

Моментално е во тек новиот оглас за стипендии, а секој заинтересиран може да се обрати во јапонската амбасада во Скопје и да добие подетални информации.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-daniela-nastevska-raboti-na-otkrivanje-lek-za-dijabetes-vo-oksford-06_copy_copy.JPEG

Имаш ли желба во иднина своето знаење и искуство да го пренесеш и во Македонија, преку соработка со домашни научни институции или проекти?

До сега немало интерес од Македонија или од македонските универзитети за мојата работа, но би била многу среќна кога би можеле да оствариме соработка.

Со огромно задоволство би ги споделила своите искуства и знаења со македонските колеги, а особено со студентите.

Можеби дел од причините за отсуство на вакви контакти лежи во природата на моето истражување.

Јас го проучувам дијабетот на клеточно и молекуларно ниво, а тоа бара врвно опремени научни лаборатории, со најнова технологија и со методи кои се исклучително скапи, дури и за британски услови.

Не сум сигурна колкав е финансискиот капацитет на Македонија за отворање и одржување лаборатории од ваков тип, но можеби затоа моите колеги во Македонија се фокусираат повеќе на клинички студии кои се реално поизводливи.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-daniela-nastevska-raboti-na-otkrivanje-lek-za-dijabetes-vo-oksford-08_copy.JPEG

Како изгледа еден твој типичен работен ден во лабораторија на Универзитетот во Оксфорд?

Мојата работа е многу динамична, што е еден од аспектите во кои уживам.

После утринското кафе, се сретнувам со мојот тим и се договараме за нивната експериментална работа.

Тука сум за нив секогаш кога ќе ‘заглават’ со експеримент, па го работам заедно со нив.

Ги анализирам резултатите од експериментите, читам многу научна литература за да ја утврдам следната насока на експерименти, со цел да откриеме нешто ново.

Менторирам студенти по медицина и биологија, оценувам студентски трудови, проценувам научни трудови за светски научни списанија и секако - работам на моите трудови.

Споделување на нашата работа со јавноста е дел од мојата работа, по често планирам и организирам такви активности.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-daniela-nastevska-raboti-na-otkrivanje-lek-za-dijabetes-vo-oksford-02.JPEG

Во периодов, на пример, работам заедно со графички дизајнер на боенка за деца која го опишува дијабетот на начин кој им е пристапен и забавен.

Дел сум од многу комитети кои го овозможуваат функционирањето на мојот оддел, и затоа сум често на состаноци (кои траат подолго отколку што би сакала).

И бидејќи постојаното образование е во сржта на секој научник, посетувам семинари на колеги барем двапати неделно.

Мојот ден често завршува во мојот колеџ, што е посебна карактеристика на Оксфорд.

Јас му припаѓам на колеџот Волфсон, кој во системот на Оксфорд претставува втор дом - професионално и приватно.

uspeshni-makedonci-vo-svetot-daniela-nastevska-raboti-na-otkrivanje-lek-za-dijabetes-vo-oksford-03.JPEG

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Александар Пендароски, зет на Галичка свадба: „Женската носија тежи 25kg, моите родители се венчаа в... „Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував. То...
Успешни Македонци низ светот: Кјара Гоља е адвокат во Нов Зеланд, со желба да стане пратеник или дип... „Додека студирав, политиката ми беше главен фокус и имав можност да работам на н...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...

Најчитани неделава