Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 недела старост, страдав“
Што би сакал државата да направи поинаку за децата во дом?
Децата да се вратат кај сите нивни биолошки родители за овие секојдневни проблеми да ги немаме!
Институции имаме само за нишање врата и земање плата. Сакам да работат сите социјални служби како што кажува законот за работни односи, сакам деца да не оставаме во домови, иако тоа им е најлесен начин - остави го на државата и во дом и кој како ќе се снајде.
Местото на овие деца им е кај биолошките родители и мора пред да се распадне бракот веднаш секоја служба од цела Македонија да реагира со работа на работилници со стручни лица за да не се распадне бракот.
Само со работа, работа и работа ќе успееме во нашата држава, тоа е моето мото - работа, работа и работа.
Јас работам повеќе работи и занаети и затоа сум на секое поле успешен и пример за сите политичари и многу граѓани.
Облечете ги моите обувки и поминете го мојот пат - не е лесно навистина, но успеав!

Имаш ли прашања за своето потекло што сакаш да ги истражиш и денес? Или имаш ставено точка на сето тоа?
Да, трагам сега по корените на мојот биолошки татко, иако е починат.
Продолжувам да трагам во Србија во Пирот, како и во Битола, по моите роднини од страната на мајка ми.
Имот не ми треба, само сакам да ги запознам поради тоа инцест да не се повтори, како што се има случено кај некои штитеници во дом.
Сакам само од двете страни да ги запознаам моите роднини од мајка ми и татко ми, иако досега никој од двете страни не ми се јавил, ниту пак ми се обратил, а сум познат како голем борец за правата на напуштените деца и постојано сум во медиумите.

Денес си татко, колку тоа ја пополни празнината, колку оваа улога ти го промени животот?
Јас сум најсреќен татко и родител, како и секој друг, но јас посебно сум среќен!
Иако имам 3 деца, ќе кажам дека ми се малку три, животна желба ми беше да имам 5 деца. Но, до тука рекол Господ и му благодарам секој ден.
Му се молам секое утро со иста мисла кон него дека ми подарил најголемо богатство во мојот живот, моите деца!

Би јадел ако треба само леб и сол за да имам семејство. Не е сè во парите, ако ти не им се посветиш и не работиш со сопствените деца.
Не е сè во купување на вили, станови, палати и викендички, ако детето нема родителска грижа, топлина, љубов од еден или друг родител.
Празнината од недостиг на родителска грижа и љубов која сè уште ја имам во мојот живот - никогаш не може да се затвори или пак избрише, цел живот ќе боли кога немаш родители.

Децата и сопругата, со која сме 17 години во брак, за мене се најголемото богатство, друго ништо не сакам.
Работам повеќе занаетчиски работи, како хаусмајстор и се доградувам во повеќе занаети - сега на ред ми се клими и климатизација, а учам и за плочкар.
Морам да се доградувам и да учам нови занаети за да им пружам сè на моите деца, сè што јас сум немал.
Јас реновирам станови, се занимавам со молерајски услуги, поправки во компании и домови, чистење на олуци, оџачи, санација на кровови и чистење на ѓубре од гулаби, како и селидби.
Морам сè ова да го работам за да им пружам да имаат часови по спорт и спортски активности, курсеви за странски јазици и компјутери... П, на ред доаѓаат факултет, полагање за возачка дозвола и други курсеви и обуки, летување задолжително не го пропуштам за моето семејство, како и нивните родендени да се слават секоја година, а мојот роденден и на сопругата секогаш се скромни со еден ролат.

Децата ни се приоритет, а ние како родители сме на крај.
Најмногу сум горд и среќен што со мојата сопруга децата ги направивме самостојни - дома прават сè, си подготвуваат готвени јадења, пудинг, палента, тостови, најомилено јадење дома кај нас е тарана и попара со бисквити малку шеќер и какао и подготвување на овошје.
Сето ова го прават нашите три деца Мате, Филип и Елена.

